Кина потврди 57 новозаболени од Ковид-19, најмногу во последните два месеца


Кина во последните 24 часа потврди нови 57 случаи од корона вирус, што е најголем дневен пораст во последните два месеци.
Локалниот медиум CTV News пишува дека Националната здравствена комисија известила дека има 38 нови потврдени случаи кои се локално пренесени, и 36 во Пекинг. Ова е најголем број дневни случаи за кинескиот град откако властите почнаа да ги објавуваат податоците.
Според надлежните, вакви случаи всушност покажуваат дека корона вирусот може да се врати особено по попуштањето на рестриктивните мерки.
Во Пекинг преземени се одредени мерки па така затворен е пазарот, како и соседната станбена зграда, откако во последните шест дена 50 луше беа заразени со корона вирус од тој крај.