Деркоски исчезна, ДИК не може да се состане


Последниве два дена трае вистинска потрага по претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, од страна на неговите колеги, за да продолжи ревидирањето на роковникот за одржувањето на изборите по одлуката на претседателот Стево Пендаровски да не ја продолжува вонредната состојба.  

Според информациите денеска во ДИК не дошле претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Деркоски, и претставничката на ДУИ, Дитмире Шеху, која е и потпретседател на ДИК. Деркоски не одговара на телефонските повици.

Поранешниот претседател на ДИК Борис Кондарко, кој е сега член на комисијата од СДСМ, потврди дека другите членови го чекале Деркоски да закаже седница, но тоа досега не се случило.

На седницата што се одржа во петокот Деркоски изјави дека ДИК е секогаш подготвена за организација на изборите во законски определените рокови.