Калајџиев и Цаца Николовска поднесоа оставки од Советот за надзор на прислушкувањето


Правните експерти Гордан Калајџиев и Маргарита Цаца Николовска поднесоа оставки во Собранието. Тие беа дел од Советот за граѓански надзор кое е составено од стручњаци кои треба да го надгледуваат прислушкувањето во Македонија.

„По долга и неуспешна битка да профункционира, јас и Маргарита Цаца Николовска поднесуваме оставки како претседател и потпретседател и како членови на Советот за граѓански надзор над прислушкувањето. ПС поздрав до Прибе“, напиша Калајџиев на својот профил на Фејсбук.