„Funk Shui“ со „Метеори“ ги освојува топ-листите во регионот (видео)


„Funk Shui“, со  синглот првенец ,,Метеори”, кој е најава за албумот кој следи, беше симболично споделен крајот на мај на каналите на групата на социјалните и музичките платформи (spotify, deezer, apple music, google play, itunes, pandora, tidal). Веќе на почеток од јуни се искачи на музичките топ листи, станувајќи воедно и песна на неделата на хрватскиот влијателен портал muzika.hr. Веќе наредната недела, на 17 Јуни, Funk Shui ќе настапи и на Athens Music Week со нова изведба од неколку стари и нови песни.

-По периодот кој наложи потреба за слобода во медиумскиот етер, имајќи ја во обзир сериозноста на новораширениот вирус, конечно етерот и ние сме спремни да ги споделиме нашите лични искуства од периодот од последните две години.
Со тоа сакаме да им понудиме свежина на нашите досегашни, а воедно и идни слушатели, музи и оние кои ја споделуваат страста за музика, ум и чекорите напред.
Посветено на сите кои немаа избор и оние кои се борат силно за животот на другите, велат од групата.