Речиси 9.000 нови случаи со Ковид-19 во Русија, починаа 119 пациенти


Во последните 24 часа во Русија регистрирани се нови 8.835 случаи заразени со корона вирус, а од почетокот на епидемијата има 528.964 случаи.
Кризниот штаб соопшти дека во земјата има 241.966 активни случаи.
Оздравени се вкупно повеќе од 280.000 пациенти од кои само во последниот ден 5.409.
Во последното деноноќие од последиците на Ковид-19 починаа 119 пациенти, а ден порано 114, додека вкупно од почетокот на епидемијата  6.948.