Во Србија нови 59 заразени, почина едно лице


Во Србија, според последните податоци, заразени се нови 59 луѓе, а еден почина.
Од последниот извештај тестирани се примероци на 1.802 лица.
Од почетокот на епидемијата во Србија потврдени се вкупно 12.210 случаи на корона вирус, а вкупно се тестирани 302.928 лица кои ги исполнувале критериумите за тестирање.
Во моментот има 533 активни случаи на корона вирус, додека на респиратор се 15 пациенти.
Вкупниот број на починати од Ковид-19 е 254, а процентот на смртност 2,07 отсто.