Жените поподложни на ментални проблеми поради пандемијата


Резултатите од студија на британските научници покажуваат дека е поголем бројот на жени во споредба со мажи, кои се соочуваат со ментални проблеми предизвикани од пандемијата со Ковид-19.

Научниците од Институтот за општествени и економски истражувања при Универзитетот во Есекс тврдат дека жените потешко ја поднесуваат изолацијата што беше воведена како дел од мерките за справување со новиот корона вирус.

Студијата покажа и дека е зголемен бројот на лица, кај двата пола за време на пандемијата, кои имале барем еден сериозен психички проблем.

Процентот на мажите со барем еден сериозен психички проблем е зголемен од седум на 18, додека кај жените забележан е пораст од 11 на 27 отсто.