Сметка од 1,1 милион долари за лекување пациент од корона вирус


Медицинскиот персонал со аплауз го испрати Мајкл Флор, пациент најдолго хоспитализиран од Ковид-19 во САД кој, кога неочекувано не умре, луѓето се шегуваа со него како „чудо човек“. Сега оние кои го нарекуваа „чудо човек“ исто така можат да го нарекуваат и човек од милион долари.
Флор (70), дошол многу близу до смртт , а тогаш медицинска сестра доцна во ноќта му го држела телефонот до увото додека тој се збогувал со неговата сопруга и децата, а сега се опоравува во неговиот дом во Вест Сиетл. Но, тој изјавил дека ќе го фатело срце пред некој ден, кога ја добил сметката и неговото досие од здравствената заштита.

„Ја отворив и реков: Господи, боже! “, изјави Флор.
Вкупната сметка за неговото лечење од корона вирусот е 1,1 милиони долари или точно 1.122.501.04 долари. Сè на една сметка што е повеќе како книга затоа што има 181 страница.

Сметката е технички објаснување за наплаќањето и затоа што Флор има здравствено осигурување, тој нема да мора да плати огромен дел од истата. Всушност, затоа што имал Ковид-19, а не различно заболување, можеби не мора да плати ништо.
Но, засега и тој и неговото семејство и пријателите се восхитуваат на екстремниот трошок и бизарната економија на американската здравствена заштита.
Флор бил во шведскиот медицински центар во Исаках со Ковид-19, 62 дена, така што знаел дека сметката ќе биде до плафон. Тој бил без свест во поголемиот дел од престојот, но, скоро на почетокот, неговата сопруга Елиса Дел Росарио се сеќава дека се будел и велел: „Треба да ме извадите од тука, не можеме да си го дозволиме ова“.
Само сметката за неговиот престој на интензивна нега била 9.736 американски долари на ден. Поради заразната природа на вирусот, просторијата била запечатена и можело да влезат само медицински работници кои носат скафандери и маски. 42 дена тој бил на интензивна нега, а сметката за тоа изнесува 408.912 американски долари.
Тој, исто така бил на механички вентилатор 29 дена, а употребата на машината била наплатена по 2.835 американски долари на ден, или вкупно 82.215 долари. Околу една четвртина од вкупната сметката се трошоци за лекови.