Во Бразил рекорден број новозаболени за еден ден – 20.894


Чиле, Аргентина, Перу и Колумбија пријавија рекорден број новозаразени во последните 24 часа, што дополнително го зголемува стравот од ширење на инфекцијата во земјите од Латинска Америка.
Поради се поголемиот број заразени, надлежните сметаат дека овој континент сега е епицентар на глобалната пандемија, јави Би-би-си.
Се стравува дека бројот на инфицирани е многу поголем затоа што тестирањето не е доволно раширено.
Во Бразил се регистрирани 20.894 нови случаи на зараза, што е најмногу на цел континент.
Бразил во моментот е на второ место во светот по бројот на починати и заразени, веднаш по САД. Во Бразил до сега умреа 42.791 пациенти, а заразени се 850.796.
Претседателот на Чиле, Себастијан Пињера го смени министерот за здравство Жаим Маналих поради контроверзи во врска со известувањето за бројот на починати.