Најголемиот дел од земјите на ЕУ ги отворија внатрешните граници на Шенген зоната


Повеќето земји-членки на ЕУ денеска ги отворија границите за патување низ Шенген зоната. И Германија и Франција ги отворија своите граници, додека помал број земји, меѓу кои Шпанија и Португалија, се очекува тоа да го сторат до крајот на месецот. Од 1 јули треба да следи „втората фаза“ од отворањето на ЕУ, што се однесува на […]

Регистрирани 620 прекршоци за неносење маски, 324 лица во изолација


Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на нашата држава, полицијата регистрирала 620 прекршоци за неносење заштитна маска. Од МВР соопштија дека во истиот период во Република Северна Македонија на 324 лица им се издадени решенија за изолација, а 88 лица потпишале изјави за самоизолација. -Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица […]

“Пакомак“ почнува акција за собирање стакло


„Пакомак“ почнува акција за собирање стаклен амбалажен отпад директно од домот на граѓаните. Како што соопшти денеска компанијата, граѓаните треба да ги остават своите контакт податоци и приближната количина отпад за собирање, а по 10 дена компанијата ќе изготви план за негово подигнување. -Доаѓа летото, а тоа е сигнал дека е време да ги „засукате […]

Туристите се враќаат во Италија – возбуда како прв ден на училиште


По четиримесечната вонредна состојба поради епидемијата, голем број туристи се вратија во Италија, поточно во Венеција, по повод повторното отворање на Палацо Дукале, што се случи во саботата. На настанот присуствуваа околу стотина посетители, домашни и странски, стоејќи во линија пред пултовите на палатата Доџо на 300 квадратни метри на Плоштадот „Свети Марко“. Илјада билети […]

Путин ќе развива хиперсоничко оружје


 Русија наскоро ќе може да му се спротивстави на хиперсоничкото оружје воведено од други земји, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Тој додаде дека неговата земја е пред САД кога станува збор за развојот на нови видови оружја, пренесуваат британските медиуми. По колапсот на некои договори за контрола на вооружувањето од ерата на Студената војна, и […]

Полиција упадна во црквата Христово Воскресение во Подгорица


Припадници на црногорската полиција упаднаа синоќа во Соборниот храм Христово Воскресение во Подгорица, во обид да го приведат архијерејот Мирчета Шљиванчанин, но биле спречени од верниците, објави порталот ИН4С. – Очекуваме полицијата повторно да се врати штом народот замине, изјави подгоричкиот парох Предраг Шќепановиќ. Ниту еден друг црногорски медиум не ја објави оваа информација. Според […]

Едно лице загина, девет се повредени во земјотресот во Турција


Едно лице загина, а девет се повредени во силниот земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтерова скала, кој вчера ја погоди турската провинција Бингол, соопштија властите во Анкара. Во земјотресот се оштетни неколку десетици куќи и згради, истакна Директоратот за природни катастрофи и вонредна состојба. Двајца припадника на безбедносните сили се повредени при уривање […]

Масовно тестирање поради ново жариште на Ковид-19 во Пекинг


Сите вработени и оние кои неодамна го посетиле пазарот Ксинфади, кој е ново жариште на Ковид-19 во Пекинг, ќе мораат да бидат тестирани, соопштија кинеските здравствени власти. Со појавата на новото жариште на инфекција во градот, поради што се стравува од втор бран на епидемијата во Кина, градската управа соопшти дека планира да тестира околу […]

Кривичен суд: За кривичното дело „Убиство во миг“, законодавецот, а не судот, предвидел казна во траење од една до пет години


Судот постапува врз основа на тежината на кривичното дело по обвинителен акт или обвинителен предлог добиен од Јавното обвинителствот за кривично дело квалифицирано од надлежен обвинител, информираат од Основниот кривичен суд во однос на одредени реакции за пресудата за убиство кои на 14 август 2019 година се случи во скопско Ново Лисиче. – Судот води […]

Едно лице загина, девет се повредени во земјотресот во Турција


Едно лице загина, а девет се повредени во силниот земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтерова скала, кој вчера ја погоди турската провинција Бингол, соопштија властите во Анкара. Во земјотресот се оштетни неколку десетици куќи и згради, истакна Директоратот за природни катастрофи и вонредна состојба. Двајца припадника на безбедносните сили се повредени при уривање […]

Барбара Стрејсенд ѝ подари акции од „Волт Дизни” на ќерката на Џорџ Флојд


САД – Американската пеjачка и глумица Барбара Стрејсенд ѝ подари акции од компанијата „Волт Дизни” на шестгодишната ќерка на Џорџ Флојд, човекот кој беше убиен од полицаец при апсење. Малечката Џана Флојд објави слика на Инстаграм, на која во раката го држи сертификатот дека сега веќе е акционер во компанијата. „Ти благодарам, Барбара Стрејсенд, за пакетот […]

Повеќе од 1,5 милион лица во Латинска Америка заболени од Ковид-19


Бразил – Повеќе од 1,5 милион лица во Латинска Америка се заразени со коронавирус, од кои повеќето од половината се во Бразил, пренесуваат светските агенции. Во најголемата земја на Латинска Америка потврдени се нови 17.110 случаи на Ковид-19,  со што вкупниот број на заразени лица во оваа земја сега изнесува  867.624, соопшти бразилското Министерство за […]

Ако има избори на 5 јули, денеска стартува изборната кампања


По завршувањето на вонредната состојба, според законската регулатива, треба да бидат продолжени изборните дејствија за предвремените парламентарни избори. Ако изборите се одржат на 5 јули, согласно роковите, денеска треба да почне изборната кампања, односно 20 дена пред денот на гласањето. Владата веќе им даде насоки на надлежните институции за продолжување на изборниот процес, кој беше […]

Д фестивал во Дојран oдложен за август


Место на почетокот на јули, 10. издание на Д фестивал во Дојран ќе се одржи од 21 до 23 август, соопшти „Пасворд продукција“. „Оваа година ни започна со амбициозна подготовка на фестивалот, која резултираше со рекордна продажба на карти и најголем интерес досега. Во текот на изминатите месеци напорно работевме да го подготвиме и адаптираме […]

Поради коронавирусот Германија одбила 196.000 влегувања во земјата


Берлин– Под сомнение за присуство на коронавирус германската полиција на граничните премини одбила да им дозволи влез во земјата на 196.000 лица, објави вчера „Билд ам Сонтаг“, пред денешното укинување на здравствените контроли на патниците на границата. Бројот на одбиени влегувања се однесува на периодот до 11 јуни, изјави германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер […]

Странците можат да транзитираат, за македонските државјани неопходна изјава и корона тест


Странските државјани можат да тразнитираат низ Република Северна Македонија, но смеат да се задржат во земјава максумум пет часа. Според усвоениот владин протокол, транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг со обврска да не се излегува од автопат или локален пат и тој да се реализира во рамките […]

Караџоски: Има протокол за избори, никој не се заразува од гласање, туку од непочитување на мерките


Комисијата изготви протокол и тој е доставен до ДИК, но ние не можеме да проектираме во кој период може да има избори. Никој, никаде не го прекинал изборниот процес поради ковид. Никој нема да се зарази ако ги почитува мерките за заштита, вели претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Каџоски. Тој во интервју за […]

Течат изборните рокови, ВМРО-ДПМНЕ бара плус десетина дена


По завршување на четвртата вонредна состојба и непрогласување нова, течат роковите за предвремените парламентарни избори, кои првично требаше да се одржат на 12 април, но поради корона кризата беа пролонгирани. Саботата спроти неделата на полноќ заврши вонредната состојба, а откако лидерите на двете најголеми партии во државата владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ – Зоран Заев […]

Бројот на нови случаи со Ковид-19 и натаму висок, да се почитуваат препораките


Бројот на новозаболени од коронавирусот во државава и порај апелите за почитување на мерките за заштита, и натаму е висок. Вчера беа регистирани 162 нови случаи, со што вкупниот број дијагностицирани од почетокот на пандемијата, досега, изнесува 4.057, бројот на починати е 188, а 1.710 се оздравени. Бројот на активни случаи е 2.159. Најголем дијагностицирани […]

Абе: Високите температури не спречуваат ширење на коронавирусот


Јапонскиот премиер Шинѕо Абе изјави денеска дека високите температури во текот на летото веројатно нема да го спречат пренесувањето на новиот коронавирус, имајќи предвид дека бројот на заразени е голем дури и на Блискиот Исток. – Не можеме да бидеме релаксирани само затоа што доаѓа лето, бидејќи инфекцијата се шири и на Блискиот Исток каде […]