Барбара Стрејсенд ѝ подари акции од „Волт Дизни” на ќерката на Џорџ Флојд


САД – Американската пеjачка и глумица Барбара Стрејсенд ѝ подари акции од компанијата „Волт Дизни” на шестгодишната ќерка на Џорџ Флојд, човекот кој беше убиен од полицаец при апсење.

Малечката Џана Флојд објави слика на Инстаграм, на која во раката го држи сертификатот дека сега веќе е акционер во компанијата.

„Ти благодарам, Барбара Стрејсенд, за пакетот акции! Сега сум акционер во ’Дизни‘ благодарение на Вас“, гласи натписот под фотографијата. Освен сертификатот, девојчето доби и два примерока од албумите на поп-пејачката со посвета – „My Name Is Barbra“ и „Color Me Barbra“.

Претходно и американскиот рапер Кање Вест даруваше пари на семејство Флојд. Од друга страна пак, списанието „Варајети“ пренесе дека на Џана ѝ е обезбедена целосна стипендија за на Тексашкиот универзитет во родниот град Хјустон.