Не се повеќе заштитени – од корона се повеќе заболуваат и жените


Во Италија за три месеци од епидемијата со корона вирусот, од вкупниот број позитивни случаи, процентот на заболени жени порасна за 15 отсто на околу 54 отсто во јуни, покажуваат податоците на Високиот институт за јавно здравје.
Сепак, во италија стапката на смртност кај жените е многу помала отколку кај мажите, но расте бројот заразени жени, пишува во извештајот.
Според официјалните податоци од вкупниот број позитивни на Ковид-19 на 13 март 39,7 отсто биле жени, на 13 април – 49,3 отсто,па на 13 мај 53,7 отсто, додека на 10 јуни пораснал на 54,2 отсто.
Италија има повеќе од 34.000 починати од последиците од Ковид-19 и е една од најпогодените земји од пандемијата.