Влегол да краде го прободел домаќинот


Крадец влегол во една куќа во Скопје, но се разбудил еден од домаќините, кој пак бил прободен со нож од арамијата, кој потоа избегал.
Ноќеска, околу 2.05 часот било пријавено дека на ул.„Јужноморавски бригади“, Р.Ј.(20) од Скопје, додека спиел во помошната просторија од куќата, непознат сторител влегол внатре и извршил претурање, а откако Р.Ј. се разбудил и се обидел да го спречи сторителот, тој го нападнал со нож, нанесувајќи му повреди, и го напуштил местото на настанот.
Р.Ј. бил пренесен во Градската општата болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.