(Фото галерија) Скопјани масовно на Водно се враќаа во форма


Колку е драгоцено Водно за скопјани се виде и денес кога илјадници граѓани пешки, со велосипеди или со автомобили си правеа пикник, се рекреираа, се сончаа и повеќето се обидуваа да си ја вратат формата по тримесечното седење дома.

-Нема веќе сланина, пиво и свински врат, ветуваше гласно еден од тие со изгубена линија и кондиција.

Бројот на рекреативците беше невообичаен за овој период од годината, а особено за ваков жежок ден кога планинарењето  е многу потешко. На некои им се слоши, поради што екипи за помош пешки и со носила се качуваа нагоре за да им пружат помош.

Иако жичницата не работи се уште поради епидемијата со корона вирусот, во куќичките околу неа вриеше од луѓе, кои купуваа сладоледи, пијалаци, кафиња или грицки, се под будното око на неколку полицајци кои внимаваа да нема големи групирања.