Макрон: Франција нема да урива статуи


Франција нема да урива статуи ниту пак да ја преработи својата историја како одговор на притисоците на активистите за борба против расизмот, рече во неделата претседателот Емануел Макрон.

„Републиката нема да избрише никакви траги или имиња од својата историја. Нема да заборави ниту едно од нејзините дела. Таа нема да уништи ниту една нејзина статуа. Ние, наместо тоа, мора луцидно да гледаме заедно во нашата историја, а особено на нашите односи со Африка”, рече Макрон рече во телевизиско обраќање.

Францускиот претседател се соочи со зголемени барања во текот на изминатите две недели да се урнат статуи и да се ревидираат други уметнички дела што ги почитуваат француските историски личности вклучени во ропството и колонијалната историја на Франција, во време на протести против полициската бруталност и расизам. Слични движења во Соединетите Држави, Белгија и САД ги соборија или уништија статуите на ваквите личности во нивните земји.

Сепак, Макрон забележително призна дека некои француски граѓани продолжуваат да се соочуваат со дискриминација заради својата раса, во земја што забранува расна статистика.

„Нашата борба мора да продолжи… да се бориме против фактот дека нечие име, адреса, боја на кожа сè уште премногу ги намалуваат еднаквите можности што треба да ги имаат сите“, рече Макрон.

Тој, исто така, ја повтори својата поддршка за спроведување на законот.

„Без републикански ред, нема никаква безбедност или слобода и овој ред го обезбедуваат полицајците и жандармите“, рече Макрон.