Полицијата во Атланта застрела Афроамериканец в грб


Полицијата во Атланта уби невооружен Афроамериканец, кој е застрелан в грб, покажуваат видео снимките од надзорните камери.

На снимката се гледа како Рајшард Брукс бега од полицијата, а потоа се врти со подигнати раце веројатно вперувајќи кон полицајците електрошок-пиштол. Во моментот кога полицаецот го застрелал, Брукс му бил свртен со грб.

Полицаецот кој го уби 27-годишниот Брукс доби отказ, а новото убиство на Афроамериканец предизвика протести во Атланта.

Инцидентот се случува во момент на големи тензии во американското општество по смртта на црномурестиот Џорџ Флојд во Минеаполис за време на полициско апсење.