Халкбанк ги известува своите клиенти дека нема да наплаќа провизии на физички лица


Халкбанк ги информира своите клиенти дека започнувајќи од 16ти март па се до  31ви март банката нема да наплаќа провизии на физички лица преку e-banking и moby banking за сите плаќања во денари. Овој чекор Халкбанк го презема со цел да се избегне физичка посета на банките како мерка на претпазливост и грижа на здравјето. […]

Димитров телефонски разговараше со словенечкиот колега Логар за решавање на проблемот на македонските превозници


На барање на македонска страна, шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска разговараше со министерот за надворешни работи на Република Словенија, Анже Логар, соопшти МНР. Честитајќи му ја новата функција, Димитров му го претстави проблемот со кој се соочуваат македонските превозници поради застојот на италијанско-словенечката граница и потребата за што побрзо негово решавање. Двајцата министри се […]

Расте бројот на заразени во Словенија


Бројот на заразени во Словенија се зголеми за 219 лица. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, најголем дел од заразените се на возраст од 30 до 49 години. Според статистика бројот на инфицирани мажи е еднаков со тој на жени. Кризниот штаб за справување со коронавирусот, предводен од премиерот Јанез Јанша, веќе одлучи […]

МНР испрати нота до словенечко и хрватско МНР за нови конвои


Министерството за надворешни работи информира дека преку дипломатско-конзуларните претставништва во Љубљана и Загреб, се обидува да обезбеди што поскоро транзитирање преку словенечка и хрватска територија и безбедно враќање дома на сите наши превозници. „Испративме и нота до словенечкото и хрватското МНР, со барање за што поскоро вклучување на македонските превозници (лесни возила, комбиња, автобуси и […]

„Велт ам Сонтаг“: Трамп сака да им ја одземе лиценцата на Германците за вакцина против Ковид-19


Меѓу Германија и САД се појави спор околу вакцината против корона вирус, на која работи германска компанија, а американскиот претседател Доналд Трамп сака да ја откупи ексклузивната лиценца за САД, пишува весникот „Велт ам Сонтаг“. „Американскиот претседател се обидува германските научници, кои работат на вакцината против корона  вирус, за огромна сума на пари да ги […]

Мала излезност на локалните избори во Франција


Француските политичари ги повикаа гласачите да излезат да гласаат во првиот круг на локалните избори, неколку часа откако државата ги затвори сите несуштински продавници и услуги. Гласачките места се отворија во неделата како што беше планирано и покрај повиците вториот круг да се одложи поради ширењето на корона вирусот. Во саботата навечер, премиерот Едуар Филип, […]

Детската болница во Козле се подготвува за евентуално заболени деца од Ковид 19


Детската болница во Козле целосно ќе се подготви да прими деца евентуално заболени од корона вирусот, информира денес на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче. Тој појасни дека сите сега хоспитализирани мали пациенти во овааа болница во текот на денешниот ден и утре ќе бидат префрлени на лекување на Клиниката за детски болести во […]

Граѓаните ќе добиваат бесплатни смс пораки со известувања за коронавирусот


–Граѓаните ќе добиваат бесплатни смс пораки со известувања за состојбата и актуелностите со коронавирусот, информираше на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. – Сите пораки кои ќе ги добијат од телеком мрежите се валдини и известуваат за состојбата и актуелностите за кои сметаме дека ова е добар механизам да се известат граѓаните во врска […]

Корона вирус: Како да се самоизолирате


  Што да направите ако имате симптоми на Ковид-19, ако сте патувале во многу погодено подрачје или сте биле во контакт со некој кој ја има оваа болест Останете дома Ова може да звучи јасно, но не напуштајте го домот, освен ако треба да добиете лекарска помош. Кажете им не на посетителите. Контактирајте ги пријателите […]

Манчевски: Курир, Република и Нетпрес создаваат паника


Министерот Дамјан Манчевски ги обвини Нетпрес, Курир и Република за координирани лажни вести, со цел да предизвикаат паника кај населението. Запрашан за коментар околу т.н. факти на денот што ги лиферува секоја вечер  ВМРО-ДПМНЕ и според кои Владата крие дека се соочуваме со силна економска и здравствена криза, Манчевски одговори: -Прво не треба некој да […]

Грчката Влада затвора граници и воведува казна од 5.000 евра за „непослушни“ граѓани


Грција – Целосно затворање на границите со Северна Македонија, Албанија и Италија, прекинување на авионскиот превоз со Шпанија, забрана за закотвување на крузери на грчките пристаништа, казна од 5.000 евра за граѓаните кои ќе ги прекршат превентивните мерки, се дел од одлуките донесени на денешниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министрите во неговиот кабинет, […]

Две родилки на опсервација заради корона вирус


Министерот за здравство Венко Филипче денес на прес конференција информира дека кај две бремени жени се проверува дали се позитивни на корона вирус. Тој рече дека сите 13 пациенти кои се сместени на Клиниката за инфективни болести се во стабилна состојба идентична како вчера. „Само една пациентка од Дебар е на машина и таа има значајно […]

Преспанскиот договор е заштитна повелба на македонската држава и нација


Речиси две години откако министерот за надворешни работи Никола Димитров го потпиша Преспанскиот договор, неговиот татко, професорот Димитар Димитров, реши да проговори за оваа тема во текст за Дојче веле. Тој вели дека морал да реагира, затоа што Христијан Мицкоски брутално инсинуирал дека поради Преспа настанал раздор меѓу таткото и синот   Димитар Димитров   […]

Грција ја затвора границата со Македонија


Грција– Прекинување на патното, морското и авионското поврзување со Северна Македонија и Албанија, е една од одлуките донесени на денешниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министри од неговата влада, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, исклучок од мерката е пренесувањето на стоки и влез во Грција […]

(ВИДЕО)Филипче: Се чекаат резулататите за седум нови тестирани на корона вирус


Седум нови пациенти се тестирани за корона вирус, и нивните резултати ќе бидат готови за неколку часа. Пациентите се од Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид. Дел од нив пристигнале пред 3-4 дена од Австрија и Швајцарија. Сите се јавиле со висока температура. Меѓу тестираните се и две бремени жени од Дебар, соопшти министерот за […]

Коронавирус: Кралицата се сели во замокот Виндзор


Англија- Кралицата Елизабета Втора (94) ја напушти Бакингамската палата и се сели во замокот Виндзор, откако советниците рекоа дека е „најдобро да се спречи  евентуална зараза од короната“. Владата вчера објави дека починале уште десет лица, со што вкупно бројката на починати во Велика Британија се искачи на 21, а позитивни 1.140. Планиран е карантин […]

Предметите поврзани со корона вирусот ќе бидат приоритетни за Обвинителството


Во постапувањето приоритет ќе имаат кривични пријави за непочитување на донесените одлуки, мерки и препораки за справување со корона вирусот   Јавното обвинителство ја прифати препораката на Владата од вчерашната седница итно и приоритетно да постапува по предметите што се во врска со одлуките и мерките за спречување на корона вирусот. „Во постапувањето на основните […]

Автобусите на ЈСП од утре според саботен возен ред


Ве информираме дека од утре, понеделник (16.03.2020 год), поради намалена мобилност на населението и значително намалениот број на корисници на јавниот превоз, автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници ќе сообраќаат по единствен саботен возен ред. Возниот ред може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk, а информации може да се добијат и во Диспечерски […]

Кои лекови можат да ја влошат состојбата на болни од Ковид-19


Францускиот министер за здравство Оливие Веран предупреди дека лекови што содржат нестероидни средства како што се ибупрофен и кортизон можат да ја влошат состојбата на пациентите со корона вирус. Такви се, на пример, најчесто користените Нурофен и Диклофенак (го има во лекови за болки во мускулите, како Волтарен). При покачена температура само лекови што содржат […]

Креативни постери како поттик за почитување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот


Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил објави повеќе креативни постери како поттик за почитување на мерките со цел спречување на ширењето на корона вирусот. -Да се седи дома значи да се биде креативен. Ова се дел од креативните постери кои учествуваат во поттикот за почитување на мерките со цел спречување на ширењето […]