Седница на Советот за национална безбедност за состојбата со коронавирусот


Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска попладне ќе се одржи седница на Советот за национална безбедност на која ќе се разговара за состојбата со коронавирусот во земјава. На седницата ќе присуствуваат и министерот за здравство и началникот на ГШ на Армијата. Претседателот Пендаровски на прес-конференција во петокот најави дека ќе бидат разгледувани евентуалните опции […]

Германија ги затвора границите кон некои земји


Германија– Поради новиот коронавирус Германија денеска во осум часот ќе ги затвори своите граници кон Австрија, Франција и Швајцарија, објави германксиот дневен весник „Билд“. Мерката предвидува зголемена контрола на границите и враќање на странските државјани, кои доаѓаат од соседните земји. Превозот на стока помеѓу Германија и и соседите нема да биде запрен. Луѓето кои работат […]

Во Њујорк и Лос Анџелес се затвораат рестораните и кафулињата


САД – Градоначалниците на двата најголеми градови во САД, Њујорк и Лос Анџелес синоќа објавија дека наредиле затворање на градските ресторани, театри, барови и филмски куќи во обид да се забави ширењето на новиот коронавирус. Рестораните, баровите или кафулињата кои продаваат храна ќе можат тоа да го прават преку достава или пак граѓаните ќе можат да […]

Затворени седум локали кои не ја почитувале мерката на Владата


Секторот за внатрешни работи Скопје во координација со Државниот пазарен инспекторат вчера попладне затвориле седум локали во северниот дел на Скопје кои не ја почитувале одлуката на Владата. – Локалите ќе бидат затворени до завршување на мерката која е донесена од страна на Владата на РСМ, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Сообраќајот по влажни коловози, слаб снег на Стража


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Слаб снег провејува на Стража, кој не се задржува на коловозот, информира утринава Авто мото сојузот на Македонија. Согласно одлуката на Влада поради коронавирусот, затворени се граничните премини Џепиште-Требиште и Блато и сите возила и патници се пренасочуваат на граничните премини кои се отворени за […]

Децата со температура да се носат во болницата „Козле“


Клиниката за детски болести ги известува сите родители и матични лекари кои ќе имаат итна потреба децата со температура да ги донесат во болница, тоа да го сторат во Институтот за белодробни заболувања „Козле“. Исто така, ако има деца кои живеат во регионот кој сега е ставен под режим за движење (Дебарско), за преглед да […]

Превозниците ја поминаа италијанско-словенечката граница


Шефот на дипломатијата Никола Димитров вечерва преку Фејсбук статус информираше дека голем дел од македонските превозници ја поминале италијанско-словенечката граница. „Долг ден ама вредеше. Голем дел од македонските превозници ја поминаа италијанско-словенечката граница, со обезбедена траса преку Хрватска и Србија, напиша Димитров. „Граѓаните што денот го поминаа на Бајаково/Батровци на хрватската страна, влегуваат во Србија. […]

Вучиќ прогласи вонредна состојба


Србија вечерва прогласи вонредна состојба низ целата територија поради епидемијата на коронавирус, а претседателот Александар Вучиќ најави дека одлуката ќе стапи на сила веднаш. „Одлуката не ја донесовме лесно, затоа што таа се носи во исклучителни околности. Србија денес е во војна против невидливиот злобен противник што нашата земја мора да го победи“, рече Вучиќ. […]

Хотелот во Милано, во кој престојуваше Ериксен е затворен поради коронавирус


Напаѓачот на Интер, Кристијан Ериксен беше протеран од хотелот во кој живееше по трансферот од Тотенхем. Според „Sport.es“, хотелот во Милано бил принуден да се затвори поради пандемијата на коронавирус, а Ериксен останал без место за престој. Интер итно бараше апартман за Данците каде ќе ги помине следните две недели во изолација. Оваа сезона, Ериксен […]

Спасовски: Нема партиски тимови за вирусот, тие се во болниците


Премиерот Оливер Спасовски вечерва изјави изјави дека  не прифаќа „никакво политичко профитерство на грбот и здравјето на граѓаните. Исто така и во економијата или профитерство во новинарството. Ако некој се одлучил на оваа ситуација да ја користи и сака на неа да печали поени, на крајот ќе изгуби. Ако некому му се поважни политичкиот рејтинг […]

Помош за камионџиите кои чекаат на италијанско-словенечката граница


Камионџиите кои чекаат на италијанско-словенечката граница добија вода и храна која им ја обезбеди македонската амбасада во Словенија, јави дописникот на МИА од Љубљана. Една група камионџии од земјава вчера беа пропуштени, но и денеска има такви кои се уште се наоѓаат таму. Токму за да им се олесни чекањето, од нашата Амбасада во Словенија […]

Рекордно мала излезност на изборите во Франција


Корона вирусот и стравот од заразата ќе доведе до рекордно слаба излезеност на денешните општински и меѓуопштински избори во Франција, јави дописникот на МИА. До 17 часот, еден час пред затворањето на најголемиот број од гласачките места, гласале само 38,77 отсто од гласачите, за споредба во 2014 година во истиот временски период гласале 54,54 отсто […]

Во експлозија во Лагос загинаа најмалку 15 лица


Најмалку 15 лица загинаа, а двајца се спасени, денеска при експлозија во најголемиот нигериски град Лагос. Експлозијата во областа Лагуш Амуво Одофин се слушнала на далечина од неколку километри. Во неа се уништени повеќе од 50 згради, кои или се урнале или се запалиле во три различни населби, соопшти Националната агенција за управување во вонредни […]

Уште 368 мртви во Италија од корона вирусот


Драматичниот развој на настаните во Италија не стивнува – за последниве 24 часа регистрирани се 368 мртви. Од нив 252 лица се во Ломбардија. Бројот на потврдени лица заболени од Ковид-19 порасна од 21.747 вчера на 24.747 денеска. Процентуално, бројот на починатите е за 25 отсто поголем. Вкупниот број мртви сега изнесува 1.809. Бројката на […]

Резултатите на седуммината кои денес се тестираа се негативни


Резултатите на седумте пациенти кои претпладнево се тестираа се негативни на коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Пациентите кои денеска се тестираа се од Куманово, Тетово, Кичево, Охрид, две трудници од Дебар и еден пациент од Кочани, чиј брис пристигнал преку ЦЈЗ Штип. – Тестот на пациентот од Кочани е негативен, но заради типичните симптоми на […]

Нема нови заболени од корона вирус


Министерството за здравство вечерва информира дека и вториот, повторен тест на лицето од Кочани, чиј брис пристигна преку Центарот за јавно здравје Штип е негативен на корона вирусот. И првиот тест на пациентот од Кочани беше негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, тестирањето беше повторено. Со тоа сите седум лица тестирани денеска се негативни […]

МТСП: Пунктовите за бездомни лица функционираат, се делат и заштитни маски и средства за дезинфекција за бездомниците


Четирите прифатни пунктови за бездомни лица, отворени во соработка со Црвен крст, се функционални и согласно препораките на Владата делат пакувана храна, маски и гелови за дезинфекција за бездомните лица, информира Министерството за труд и социјална политика. Во функција се прифатните пунктови во Скопје, Битола, Струмица и Струга. Дополнително, соопштуваат од Министерството, во Скопје функционира […]

Австрија: Четири милијарди евра за поддршка на економијата


Австрискиот Парламент денеска едногласно усвои голем пакет законски мерки за спречување на кризата предизвикана со корона вирусот. Законот овозможува голем број ограничувања во јавниот живот, а содржи и помош за економијата. Со документот се создаваат правни основи за затворање на јавни места, како што се детски игралишта, се овозможуваат рестрикции во трговијата и гастрономијата. За […]

За работодавачите, најважно е да не се наруши ликвидноста на фирмите


Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи вели дека за очекување е Ковид 19 да удри и врз ликвидноста на фирмите. Затоа потребни се мерки во делот на олабавување на монетарната политика, Управата за јавни приходи да не испорачува казнени камати во овој момент. Тој истакна дека големите светски економии работат на распоредување на буџетските […]