Уште 368 мртви во Италија од корона вирусот


Драматичниот развој на настаните во Италија не стивнува – за последниве 24 часа регистрирани се 368 мртви. Од нив 252 лица се во Ломбардија. Бројот на потврдени лица заболени од Ковид-19 порасна од 21.747 вчера на 24.747 денеска.

Процентуално, бројот на починатите е за 25 отсто поголем. Вкупниот број мртви сега изнесува 1.809. Бројката на излечените е 2.335. Од заболените 9.268 се во изолација без или со благи симптоми, додека 1.672 се во интензивна нега.

Меѓу починатите е и славниот архитект Виторио Греготи, еден од татковците на модерната италијанската архитектура. Тој почина од корона вирусот во Милано на 92 години.