Хотелот во Милано, во кој престојуваше Ериксен е затворен поради коронавирус


Празниот плоштад Дуомо во Милано (Фото: АФП)

Напаѓачот на Интер, Кристијан Ериксен беше протеран од хотелот во кој живееше по трансферот од Тотенхем.

Според „Sport.es“, хотелот во Милано бил принуден да се затвори поради пандемијата на коронавирус, а Ериксен останал без место за престој.

Интер итно бараше апартман за Данците каде ќе ги помине следните две недели во изолација.

Оваа сезона, Ериксен одигра четири натпревари за Интер во Серија А.