Австрија: Четири милијарди евра за поддршка на економијата


Австрискиот Парламент денеска едногласно усвои голем пакет законски мерки за спречување на кризата предизвикана со корона вирусот.

Законот овозможува голем број ограничувања во јавниот живот, а содржи и помош за економијата.

Со документот се создаваат правни основи за затворање на јавни места, како што се детски игралишта, се овозможуваат рестрикции во трговијата и гастрономијата.

За економијата е предвиден фонд за помош во вредност од четири милијарди евра.

Законот мора да биде потпишан од претседателот на државата и објавен во службен весник за да може од утре да стапи во сила.