Во експлозија во Лагос загинаа најмалку 15 лица

Smoke billows into air following an explosion of a fuel tanker in Morogoro, Tanzania August 10, 2019. Channel Ten/Reuters TV via REUTERS ATTENTION EDITORS - THIS IMAGE HAS BEEN SUPPLIED BY A THIRD PARTY. NO RESALES. NO ARCHIVES. TANZANIA OUT. NO COMMERCIAL OR EDITORIAL SALES IN TANZANIA.

Најмалку 15 лица загинаа, а двајца се спасени, денеска при експлозија во најголемиот нигериски град Лагос.

Експлозијата во областа Лагуш Амуво Одофин се слушнала на далечина од неколку километри. Во неа се уништени повеќе од 50 згради, кои или се урнале или се запалиле во три различни населби, соопшти Националната агенција за управување во вонредни ситуации.

Пожарот се проширил и на блиските нафтоводи, па постои страв од оштетување или експлозии. Се стравува и дека бројот на смртни случаи би можел да се зголеми, бидејќи очевидци тврдат дека некои луѓе останале блокирани во урнатите згради. Една од урнатите згради е училиште, од кое биле спасувани деца.

Засега се уште не е позната причината за експлозијата.