Расте бројот на заразени во Словенија


Бројот на заразени во Словенија се зголеми за 219 лица.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, најголем дел од заразените се на возраст од 30 до 49 години. Според статистика бројот на инфицирани мажи е еднаков со тој на жени.

Кризниот штаб за справување со коронавирусот, предводен од премиерот Јанез Јанша, веќе одлучи од утре да прекинат со работа сите училишта и градинки, запрен ќе биде јавниот превоз, односно автобусите и железницата, а нема да бидат отворени ниту угостителските објекти за гости.

Министерот за економија Здравко Почивалшек објави дека и понатаму ќе бидат отворени маркетите, аптеките, поштите, банките и бензинските пумпи. Тој апелираше да се користат начините за набавка на стоки без директен контакт, односно доколку е можно да се нарачува преку интернет, со цел да се избегнат непотребните собирања