Коронавирус: Кралицата се сели во замокот Виндзор


Англија- Кралицата Елизабета Втора (94) ја напушти Бакингамската палата и се сели во замокот Виндзор, откако советниците рекоа дека е „најдобро да се спречи  евентуална зараза од короната“.

Владата вчера објави дека починале уште десет лица, со што вкупно бројката на починати во Велика Британија се искачи на 21, а позитивни 1.140.

Планиран е карантин за кралицата и принцот Филип (98) во Сандрингам, доколку епидемијата се влошува.

Нејзиното Височество е „во добра здравствена состојба, но сепак не смее да се ризикува“, велат извори блиски на кралското семејство.

Бакингемската палата има поголем персонал од другите имоти, па се смета за многу поопасна локација. Палатата е домаќин на постојан прилив на посетители, вклучувајќи политичари и достоинственици од целиот свет.

„Бакингемската палата е среде Лондон и има поголем персонал од другите имоти затоа се смета за многу поопасна локација.

Палатата има околу 500 вработени, додека Виндзор има само околу 100.

Кралицата откажа неколку јавни настани „во наредните недели“ поради коронавирус, објави палатата во петокот.