Изработена првата мапа за коронавирус во земјава


Состојбата со заболени лица од коронавирусот во земјава може да се следи на апликацијата http://gdi-sk.maps.arcgis.com/apps/opsdashboard/index.html#/2096bd4b051b42948ac3f5747e80c3a5, која компанијата ГДи Скопје ја прилагоди за потребите на нашите граѓани. Покажувајќи општествена одговорност, компанијата, на едно место, ги регистрира сите случаи на заболени лица од коронавирусот во земјава и на тој начин, настојува да ги алармира граѓаните за кризните […]

ДИК бара преиспитување на одлуката за изборите на 12 април


Државната изборна комисија (ДИК) пред утрешниот состанок на Советот за безбедност свикан кај претседателот Стево Пендаровски во врска со ширењето на коронавирусот побара од државниот врв да ја преиспита одлуката за одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април. Членовите на ДИК на денешната седница, укажаа дека не станува збор само за денот на изборите, […]

Докторите апелираат: „Поради коронавирусот држете се подалеку од цигарите“


Турција- Членот на Научниот одбор на Министерството за здравство на Турција, проф. д-р Фусун Онер Ејубоглу, рече дека пушењето значително ја нарушува одбраната на белите дробови, истакнувајќи дека коронавирусот потешко се лекува кај болестите поврзани со цигари, јавува Агенција Анадолија (АА). Проф. д-р Ејубоглу, проф. д-р Фуат Калјонџу, проф. д-р Метин Озкан и доцент д-р […]

Австрија: Прекинува воздушниот сообраќај со Русија, Украина, Холандија и Велика Британија


Австрија– Австрија прекинува воздушни врски со Русија, Украина, Холандија и Велика Британија во напорите да се прекине ширењето на новиот коронавирус. Тоа го соопшти денеска канцеларот Себастијан Курц. – За да се запре потанамошно внесување на вирусот од странство, ќе бидат заострени правилата за влез во нашата држава. Се забранува влегување на туристи од Британија, Холандија, […]

Актери, спортисти, политичари: Познати личности заразени од коронавирусот


Франција (АФП) – Американскиот актер Том Хенкс, сопругата на канадскиот премиер Џастин Трудо и тренерот на Арсенал, Микел Артета, се меѓу богатите и славните заразени од коронавирусот. Еве ја листата:   Шоубизнис   Том Хенкс и неговата сопруга, актерка и пејачка Рита Вилсон, се првите холивудски sвезди кои објавија дека се заразени. Тие се сместени […]

Kороната го наруши луксузниот моден календар – еве ги ревиите и настаните што се откажани (досега)


Модниот месец во февруари помина со малку двоумење, но сега, индустријата презема поголеми мерки на претпазливост кога станува збор за претстојните cruise and resort shows . Како што беше претходно објавено од „Бизнис инсајдер“, многу модни уредници со седиште во САД, инфлуенсери, модели и други кои патуваа во Милано за модната недела се вратија и […]

Состојба со Ковид-19 во светот до 10 часот


Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 157.203 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 5.839, а оздравени се 75.940. Австрија – Бројот на заразени со новиот коронавирус во Австрија се зголеми за повеќе од 100 од вчера попладне. Според Министерството за здравство, сегашниот број е 758. Вчера имаше 655 инфицирани до 15 […]

Аеродромот во Охрид се затвора вечерва на полноќ


Согласно одлуката на Владата донесена на синоќешната седница за затворање на аеродромот „Свети Апостол Павле Охрид“ од ТАВ Македонија информираат дека одлучиле да го затвори аеродромот во Охрид почнувајќи од полноќ на 15.3.2020 година, со цел да ги поддржи владините напори за спречување на ширење на корона вирусот. „Како аеродромски оператор, за оваа одлука ги […]

Во новиот мандат СДСМ ќе враќа повеќе ДДВ


СДСМ најави дека , ако добие нов мандат за влада, ќе ја зголеми висината на сумаа што се враќа како ДДВ на 2.300 денари. -Преку проектот МојДДВ кај граѓаните се вратени околу 8,5 милиони евра. Но, ние можеме уште повеќе и уште подобро.Овој успешен проект го продолжуваме и во новиот мандат и ќе го зголемиме […]

КАМ маркет: Не претерувајте со купување, ќе не затворите


КАМ маркетите ги повикаа купувачите да не трупаат залихи и да пазаруваат колку за една недела бидејќи како што велат, функционираат со истите ресурси од претходно, во услови на зголемена потрошувачка поради вирусот Ковид-19. „Апелираме да не претерувате во набавката и да се ограничите на набавка на неделни количини. Со таков начин на пазарување само […]

Хрватска ќе ги контролира цените на одредени производи


Загреб – Владата на Храватска синоќа донесе одлука за мерки за итна контрола на цените за одредени производи, вклучително и основни прехранбени производи, средства за хигиена, заштитна облека, медицински материјали и слично. На списокот се вклучени брашно, млеко, млеко во прав, јајца, шеќер, сол, ориз, тестенини, свежо месо, риба, овошје и зеленчук, конзервирано месо, конзервирана храна, […]

Атина во време на епидемија на коронавирусот


Сончевото и топло време, температурата од околу 24 степени, стави многумина од Грците во искушение да излезат од дома   Атина е празна како да е август, вели вработена во продавница за кафе за носење во близина на плоштадот Синтагма, а веројатно оваа реченица најдобро ја илустрира сликата во грчката престолнина. Дописничката на МИА од […]

Вучиќ одлучува-вонредна состојба или војската на улица


Белград – Министерот за одбрана, Александар Вулин, синоќа побара од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да ги преземе сите неопходни мерки за заштита на населението, изјавувајќи дека министерството доставило проценка за ризиците и заканите за безбедноста на Србија и нејзините граѓани, за што се потребни итни мерки од неговата надлежност. Според медиумите, претседателот Вучиќ, денеска […]

Во Дебар и Центар Жупа строго се почитуваат препораките


 Жителите во општините Дебар и Центар Жупа го поминаа и второто деноноќие по прогласувањето на кризна состојба поради појавата на коронавирусот строго почитувајќи ги препораките од надлежните и движењето по улиците речиси е минимално. Поставените контроли пунктови на излезот кон Маврово и кон Струга, односно кај месноста Бошков Мост и кај Хидроелектраната „Шпилје“, потоа на […]

Сопругата на шпанскиот премиер Санчез има корона вирус


Бегона Гомез, сопругата на шпанскиот премиер Педро Санчез е заразена од коронавирус. Освен неа, позитивни на тестирањето на блиските соработници на премиерот се и две министерки од шпанската влада. Веста за шпанскиот АБЦ ја потврдиле од Владата на Шпанија, нагласувајќи дека премиерот, неговата сопруга и министерките се во добра здравствена состојба и дека ги почитуваат упатставата на […]

Ковид-19: Шпанија и Италија ги заострија мерките, Трамп не е заразен


Шпанија и Франција воведуваат уште построги мерки за борба против ширењето на новиот корона вирус, бројот на смртни случаи се уште се зголемува во Кина, додека САД ја продолжуваат забраната за патувања како дел од итна реакција воведена од американскиот претседател Доналд Трамп пред два дена. Во моментов, вкупниот број на вируси заразени корони во […]

Наместо на плоштади, партиите ќе „митингуваат“ на социјалните мрежи


До 22 март се откажуваат активностите на терен, фокусот се насочува кон социјалните мрежи и кон електронските медиуми   Активностите за предвремените парламентарни избори на 12 април се ставени во мирување до 22 март поради спречување на ширењето на корона вирусот во земјата и почитување на мерките што ги усвои Владата. За мораториум на партиските […]

Денес завршува обврската за зимска опрема во возилата


Обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата што беше воведена на 15 ноември лани завршува денеска. ОД АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и […]

Скопје вечерва како град на духови (галерија)


Мерките на Владата и стравот очигледно имаат резултат. Главната порака – останете дома генерално се почитува во Скопје. Од фото репоратажата што ја направи нашиот фоторепортер Борис Грданоски можете да ги видите празните улици, затворените ресторани. Едноставно, метрополота да изгледа како напуштен град.

Никола Димитров: Неодговорно е да се патува за туризам


Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вечерва изјави дека е прилично неодговорно во оваа ситуација на светска пандемија со Ковид-19 да се патува во странство заради туризам. Димитров како пример го наведе случајот на нашите туристи на Малта, кои заминале пред пред неколку дена на овој медитерански остров. Бидејќи „Визер“ ги запре летовите од Малта […]