Во новиот мандат СДСМ ќе враќа повеќе ДДВ


СДСМ најави дека , ако добие нов мандат за влада, ќе ја зголеми висината на сумаа што се враќа како ДДВ на 2.300 денари.

-Преку проектот МојДДВ кај граѓаните се вратени околу 8,5 милиони евра. Но, ние можеме уште повеќе и уште подобро.Овој успешен проект го продолжуваме и во новиот мандат и ќе го зголемиме лимитот по поединец на 2.300 денари за едно тромесечие или секој одделно ќе може да направ поврат на ДДВ во износ од 9.200 денари годишно, односно износ од 36.800 денари за просечно четиричлено семејство.
Во новиот мандат нудиме предвидливо деловно опкружување. До 2023 година Владата предводена од СДСМ, персоналниот данок во ИТ индустријата ќе го намали до 0% и тоа скалесто: 5% во 2021, 3% во 2022 и 0% во 2023.
Данокот на добивка останува на ниво од 10% во целиот период 20-24 година, но остануваме доследни на воведувањето прогресивно оданочување преку инклузивен процес на разговори и креирање консенсуз за воведување на иститот.
Ќе направиме реконфигурација на ДДВ преку воведување на единствена стапка од 10% ДДВ за сите ресторантски услуги, намалување од 18 на 5% за занаетчиски услуги, подигнување на прагот за плаќање ДДВ од два милиона на три милиони денари годишен промет од 1 јануари 2022 година и изедначување со прагот на ослободување на данок на добивка до три милиони денари годишен промет, стои во соопштението на оваа партија.