Актери, спортисти, политичари: Познати личности заразени од коронавирусот


Франција (АФП) – Американскиот актер Том Хенкс, сопругата на канадскиот премиер Џастин Трудо и тренерот на Арсенал, Микел Артета, се меѓу богатите и славните заразени од коронавирусот. Еве ја листата:

 

Шоубизнис

 

Том Хенкс и неговата сопруга, актерка и пејачка Рита Вилсон, се првите холивудски sвезди кои објавија дека се заразени. Тие се сместени во карантин во болницата „Голд Коуст“ во Австралија. Хенкс ја повика јавноста да го послуша советот на експертите.

Инфициран е и најтрофејниот чилеански писател Луис Сепулведа, кој живее во северна Шпанија, покажувајќи симптоми на новиот Коронавирус во февруари, откако се врати во својот дом од книжевниот фестивал во соседна Португалија.

 

Спорт

 

Англиската фудбалска Премиер лига, најбогата во светот, е лошо погодена: Шпанскиот менаџер на Арсенал, Артета и крилниот напаѓач на Челси, Калум Хадсон-Одои, кој е Британец, и двајцата се заразени од коронавирусот.

Италијанската фудбалска репрезентација Јувентус објави дека еден од нивните играчи, дефанзивецот Даниеле Ругани, се тестирал  и тестот е позитивен.

Францускиот кошаркар Руди Гоберт стана првиот играч на американската Национална кошаркарска асоцијација чии тестови излегоа позитивни, поради што НБА лигата нагло ја прекинува сезоната.

Ѕвездата на Utah Jazz, Гоберт се извини што потенцијално ги изложува луѓето на коронавирусот, откако предизвика презир на социјалните медиуми за наводно допирање на секој микрофон и диктафон на маса пред него на прес-конференција.

Вториот играч на Јута, Донован Мичел, исто така е потврдено дека е позитивен за КОВИД-19.

Колумбискиот велосипедист Фернандо Гавирија, добро напредува откако беше примен во болница во Обединетите Арапски Емирати пред 10 дена.

Тој е втор од двајцата велосипедисти на турнејата во Обединетите Арапски Емирати што е заразен со вирусот по рускиот велосипедист на рускиот Гаспром, Дмитриј Страхов.

 

Политичари

 

Канадскиот премиер Трудо беше сместен во изолација веќе две недели, откако неговата сопруга Софи Грегоар Трудо е заразена од короната.

Шпанската министерка за еднаквост Ирина Монтеро и исто така позитивна и е ставена во карантин заедно со нејзиниот партнер, вицепремиер и лидер на радикалната левица на Поддемос, Пабло Иглесијас.

Францускиот министер за култура Франк Ристер престојува во својот дом во Париз, откако претходно имал контакст со заразени со коронавирусот.

Британската министерка за здравство Надин Дорис, е позитивна на коронавирусот.

Неколку високи функционери во Иран се заразени, меѓу кои и потпретседателот Масумех Ебтекар и Ирај Харирчи, заменик министер за здравство.

Австралискиот министер за внатрешни работи Питер Датон, во болница е и во карантин откако бил заразен. Тој неодамна се запозна со Иванка Трамп, ќерка и помошник на американскиот претседател Доналд Трамп.

Фабио Вајнгартен, главен помошник на бразилскиот претседател Јаир Болсонаро, е позитивен на короната по патувањето на кое двајцата се состанаа со американскиот претседател. Болсонаро чека резултати од својот тест.

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана, е примен во болница откако бил тестиран за коронавирус и резултатите биле позитивни, пренесува „Ројтерс“.

Како што изјавил изворот за „Ројтерс“, неговата состојба се подобрува и тој се следи од претпазливост.

Најверојатно Солана е хоспитализиран во Мадрид, меѓутоа, оваа информација сè уште не е официјално потврдена.

Солана (77) беше генерален секретар на НАТО од 1995 до 1999 година, од 1999 до 2009 година беше висок претставник на ЕУ за надворешна политика, а од 1992 до 1995 година, министер за надворешни работи на Шпанија.

Тој присуствувал на настан чиј домаќин бил сегашниот министер за надворешни работи Аранча Гонзалес Лаја.