Халкбанк ги известува своите клиенти дека нема да наплаќа провизии на физички лица


Халкбанк ги информира своите клиенти дека започнувајќи од 16ти март
па се до  31ви март банката нема да наплаќа провизии на физички лица преку e-banking и moby banking за сите плаќања во денари. Овој чекор Халкбанк го презема со цел да се избегне физичка посета на банките како мерка на претпазливост и грижа на здравјето. Преку користење на онлајн услугите на Халкбанк наместо класичното одење на шалтер, се заштитуваат и корисниците на банкарски услуги и вработените на шалтерите.
Во време на мерки на претпазливост и грижа за најважното – а тоа е здравјето, банкарските услуги на Халкбанк како и сите останати за кои постои можност, правете ги онлајн и безконтактно со дигитални системи за банкарство на Халкбанк.