Добрите вести од ЕУ ја раздвижија и Македонската берза


Берзанскиот индекс МБИ 10 на Македонската берза денес се зголеми за четири проценти, завршувајќи го денот на 3.677,48 поени и прекинувајќи го речиси дваесетдневниот тренд на намалување на цената на акциите. По вчерашниот пораст за четириесетина поени, денешните 1.142 поени, според берзанските познавачи, се на некој начин верификување на добрите вести кои вчера пристигнаа од […]

Никола Димитров: ВМРО-ДПМНЕ е како „вирус“


Откако денеска ВМРО-ДПМНЕ повторно обвини дека последниве денови министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на патувања во странство и ручеци за четири дена минатата недела потрошиле осум милиони денари со жестока реакција се јави шефот на дипломатијата. Димитров ја обвини опозицијата дека шири неверојатни лаги и дека претставува политички […]

Заменик-британскиот амбасадор во Унгарија почина од корона вирус


Стивен Дик, заменик шеф на мисијата во британската амбасада во Будимпешта, почина откако се зарази од корона вирусот, соопшти Министерството за надворешни работи во средата. 37-годишниот дипломат почина во вторникот во Унгарија, се вели во соопштението. Тој работеше како заменик британски амбасадор во Унгарија од декември, според биографијата објавена на веб-страницата на владата на Велика […]

ЕЦДЦ: Не е сосема сигурно дека вирусот ќе исчезне во летниот период


Белгија – Не е сосема сигурно дека новиот коронавирус ќе исчезне во текот на летото, соопшти денеска Европската агенција за контрола и спречување на болестите – ЕЦДЦ. Странските агенции пренесуваат дека тоа е сериозно предупредување дека епидемијата може да продолжи дури и кога надворешните температури се зголемуваат, освен ако не се преземат мерки за нејзино спречување. Сепак, […]

Мајкл Џексон: Ѕвездата зад маска го предвиде коронавирусот


САД- Мајкл Џексон, кралот на поп-музиката  кој почина во јуни 2009 година на 50-годишна возраст од акутна интоксикација со Пропофол – честопати беше виден во јавноста како носи маски за лице, при што многумина претпоставуваа дека ги носеше заради неговата ексцентрична личност и уникатно чувство за мода. Но, неговиот поранешен телохранител  Мет Фидес, вели дека […]

Мојсоски за МИА: Во Идризово нема никакви индикации за коронавирусот


Тројца лекари и четири медицински сестри се задолжени во моментов за здравствената состојба на над 1.150 затворениците во најголемиот затвор во Северна Македонија, КПУ Идризово, во кој, како што нагласи за МИА директорот на затворот, Боби Мојсоски се преземени сите мерки за заштита на затворениците и на вработените поради состојбата со коронавирусот. Управата за извршување […]

Италија – бројот на мртви од корона денес е 683, а вкупно има 7.503


Четврт последователен ден се забележува пад на кривата на инфекција и смртните случаи во Италија, но тие и натаму се многу големи. Бројот на смртните случаи за последниве 24 часа беше 683 (вчера 743). Вкупната бројка е застрашувачка – 7.503. За еден ден биле регистрирани нови 3.491 случаи (вчера 3.612). Ако за Италија претставува некаква […]

Комбинираната терапија не се дава на сите пациенти, може да предизвика компликации


 Двајца пациенти со коронавирус на Клиниката за инфективни болести се ставени на комбинирана терапија со лековите хидроклор и азитромицин, познат како сумамед, што веќе се покажа ефикасен во повеќе земји. Оваа терапија не се дава на сите пациенти, потребно е претходно да се направи кардиолошка анализа (ЕКГ). Значи ако има и најмала промена во ЕКГ-то […]

Филипче: Вакцинирањето на учениците може да се одложи за два до три месеци


Новороденчињата и предшколските деца може да се вакцинираат во редовен термин, а за школските деца вакцината може да се одложи два до три месеца. Тоа е стручно мислење на Комитетот за имунизација, рече министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на редовната прес-конференција во Владата. Во однос на опасноста од ширење на вирусот […]

На Асанж му е одбиена кауција за пуштање на слобода


Англија – На основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, денеска му беше одбиена кауцијата која неговите адвокати ја побараа за да биде пуштен на слобода поради ризик од зараза со коронавирус во затворот. Судијката Ванеса Барисер рече дека на Асанж му е одбиена кауцијата затоа што глобалната пандемија на коронавирусот не е основа за такво барање. Таа […]

Домашни и странски ѕвезди со апел: #седисидома #stayhome


Домашни и странски ѕвезди- од Каролина Гочева до Роберт де Ниро, од Влатко Стефановски до Џон Леџенд ги повикуваат своите следбеници на социјалните мрежи да останат дома за доброто на сите. Со пораки или со виртуелни концерти. Сите се обединети во една жалба: останувам дома, под хаштагот  #IStayHomeFor (останувам дома поради) кој е актуелен во […]

„Тетекс“ прв реагира на корона кризата – ја преполови дивидендата, а ја зголеми нераспределената добивка


Акционерите на „Тетекс“ ќе добијат двојно помала дивиденда од првично предвидената, стои во предлог-одлуката на Одборот на директори до акционерите на компанијата. Причината е кризата со корона вирусот, влијанието врз економијата и препораките на Владата. „Износот што се исплатува во вид на дивиденда на иматели на акции се намалува од 29.912.672 денари на 15.186.408 денари, […]

Викендот подолг полициски час -забрането движење од 16 до 5 часот


Владата донесе одлика да го продолжи полицискиот час во текот на викендот и место од 21 часот тој  да почне од 16 часот. Ова го соопши портпаролот на Владата на прес конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче.

Израел во уставна анархија по оставката на спикерот на парламентот


Ерусалим – Спикерот на израелскиот парламент, сојузник на премиерот Бенјамин Нетанјаху, поднесе оставка во средата, заострувајќи ја битката со Врховниот суд во врска со загриженоста дека демократијата може да биде жртва на кризата со корона вирусот. Оставката на Јули Еделштајн може да ги олесни плановите на опозицијата за брзо законодавство со кое ќе му забрани […]

Натпреварот Аталанта – Валенсија стана биолошка бомба за Бергамо


Градоначалникот на Бергамо, Џорџо Гори се согласи со експерти дека натпреварот Аталанта – Валенсија е причина за распространетиот коронавирус во регионот на Ломбардија. Аталанта ја пречека Валенсија на 19 февруари во првото осминафинале од Лигата на шампионите на УЕФА на неутрален терен на „Сан Сиро“ во Милано пред 45.000 гледачи. Аталанта победи со 4-1, а […]

Петмина од кожната клиника се позитивни на корона вирус


Петмина од медицинскиот персонал од клиниката за кожни болести се позитивни на Ковид-19, информираше на денешната перс конференција министерот за здравство, Венко Филипче. Сите го поминале инкубацискиот период без симптоми, но нивните тестови покажале позитивен наод на вирусот. Филипче појасни дека сите се во домашна изолација и се во добра општа состојба. Инаку, ова се […]

Во Австрија повеќе од 5.200 заразени со коронавирусот – Словенија поставува контролни точки на границата


Австрија – Бројот на лица заразени со коронавирусот во Австрија се зголеми на 5.282, јави дописникот на МИА. Ова претставува зголемување за 778 случаи во споредба со вчера, објави австриската информативна агенција АПА. Во земјата порасна и бројот на починати од Ковид-19, а до сега за вирусот се тестирани над 32.000 граѓани. Во меѓувреме соседна Словенија […]

Двајца припадници на Армијата позитивни на коронавирусот


Подофицер и војник во Армијата на Република Северна Македонија се позитивни на коронавирусот Ковид-19, соопшти денеска Генералштабот на Армијата. Двајцата извршувале работни задачи во гарнизонот Скопје, од кои едниот припадник извршувал работни задачи во воениот ресторан во касарната Илинден како помошен персонал. -Веднаш по сознанието за случајот на војничкиот ресторан извршена е целосна дезинфекција на […]

Девет членки на ЕУ побараа издавање на еврообврзници за борба против корона вирусот


Девет држави од еврозоната испратија писмо во средата (25 март) до претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, во кое се бара заеднички инструмент за долгови за ублажување на штетата предизвикана од кризата со корона вирусот, јавуваат грчките медиуми. „Треба да работиме на заеднички инструмент за долгови издаден од европска институција за да собереме средства […]

Путин го одложи уставниот референдум заради кризата со коронавирусот


Референдумот за усвојување на уставните амандмани, што го вклучува и оној за реизбор на рускиот претседател Владимир Путин, ќе биде одложен за време на кризата со коронавирусот, соопшти денеска претседателот, пренесе ДПА Референдумот за сериозните измени на рускиот Устав, меѓу кои и за зголемувањето на овластувањата на парламентот, во кој доминираат политичари кои му се лојални […]