Петмина од кожната клиника се позитивни на корона вирус


Петмина од медицинскиот персонал од клиниката за кожни болести се позитивни на Ковид-19, информираше на денешната перс конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Сите го поминале инкубацискиот период без симптоми, но нивните тестови покажале позитивен наод на вирусот.

Филипче појасни дека сите се во домашна изолација и се во добра општа состојба.

Инаку, ова се први 30 лица од персоналот во изолација, а останатите ќе продолжат да се тестираат следните денови.