Италија – бројот на мртви од корона денес е 683, а вкупно има 7.503


Четврт последователен ден се забележува пад на кривата на инфекција и смртните случаи во Италија, но тие и натаму се многу големи. Бројот на смртните случаи за последниве 24 часа беше 683 (вчера 743). Вкупната бројка е застрашувачка – 7.503.

За еден ден биле регистрирани нови 3.491 случаи (вчера 3.612). Ако за Италија претставува некаква утеха бројот на оздравените пациенти се зголемува – за еден ден тој изнесува 1.036 (вкупно 9.362).

Од почетокот на епидемијата, вкупниот број на заразени лица со сегашните позитивни на вирусот, мртвите и излекуваните е 74.386, соопшти Цивилната заштита.