Мајкл Џексон: Ѕвездата зад маска го предвиде коронавирусот


САД- Мајкл Џексон, кралот на поп-музиката  кој почина во јуни 2009 година на 50-годишна возраст од акутна интоксикација со Пропофол – честопати беше виден во јавноста како носи маски за лице, при што многумина претпоставуваа дека ги носеше заради неговата ексцентрична личност и уникатно чувство за мода.

Но, неговиот поранешен телохранител  Мет Фидес, вели дека неговиот поранешен работодавец ги носел заштитните маски за да избегне вдишување бактерии од луѓе затоа што како што верувал дека еден ден луѓето ќе се разболат сериозно од вирус како оној што светот сега го гледа. Со COVID-19 досега se заразени над 400.000 лу,убивајќи повеќе од 18,000 низ целиот свет.

„ Тој беше многу свесен за можноста да биде инфициран зашто поминуваше низ четири држави во еден ден и леташе во  авиони со луѓе цело време.

” Тој би рекол: „Мет не можам да се разболам. Не можам да ги разочарам моите фанови. Имам концерти. Јас сум на оваа Земја со причина. Не смеам да го наштетам на гласот, треба да останам здрав. Не знам со кого ќе се сретнам денес, велеше Џексон.

Фидес инсистира на тоа дека поп-ѕвездата едноставно била  претпазлива да се заштити од потенцијални заболувања и вируси.

  • Се среќаваше со 400 обожаватели дневно, секој сакаше да се ракува со него или да го гушне.  Се шегуваа со него заради тоа, ама неможеш да бидеш суперѕвезда ако не си интелелигентен. Мајкл беше исклучително интелегентен, изјави Фидес.