Девет членки на ЕУ побараа издавање на еврообврзници за борба против корона вирусот


Писмото на деветте земји членки му е предадено на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел

Девет држави од еврозоната испратија писмо во средата (25 март) до претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, во кое се бара заеднички инструмент за долгови за ублажување на штетата предизвикана од кризата со корона вирусот, јавуваат грчките медиуми.

„Треба да работиме на заеднички инструмент за долгови издаден од европска институција за да собереме средства на пазарот врз иста основа и на придобивките на сите земји членки, со што ќе обезбедиме стабилно долгорочно финансирање за политиките потребни за да се спротивставиме на штетите предизвикани од оваа пандемија“, се вели во писмото кое го објави грчкиот телевизискиот канал Мега.

Писмото е потпишано од лидерите на девет земји – Белгија, Франција, Италија, Луксембург, Шпанија, Португалија, Грција, Словенија и Ирска – сите членки на еврозоната.

Потписниците велат дека случајот за ваков заеднички инструмент е силен „бидејќи сите се соочуваме со симетричен надворешен шок, за кој ниту една земја не сноси одговорност, но чии негативни последици ги трпат сите“.

„И колективно сме одговорни за ефикасен и обединет европски одговор. Овој заеднички инструмент за долгови треба да има доволна големина и долготрајна рочност за да биде целосно ефикасен и да ги избегнува ризиците за враќање сега како и во иднина“, се додава во писмото.

Собраните средства ќе бидат насочени кон финансирање на потребните инвестиции во здравствениот систем и привремени политики за да се заштитат нашите економии и социјалниот модел, се објаснува во писмото.

„Во истиот дух на ефикасност и солидарност, би можеле да истражиме и други алатки, како што е специфично финансирање за трошење поврзано со короната во буџетот на ЕУ, барем за годините 2020 и 2021 година, надвор од најавите веќе направени од Комисијата“, се вели во писмото.

„Со давањето јасна порака дека сите заедно се соочуваме со овој уникатен шок, ние ќе ги зајакнеме ЕУ и економската и монетарна унија и што е најважно, ќе им обезбедивме најсилна порака на нашите граѓани за европската решена соработка и решеност да обезбедиме ефективен и обединет одговор“, потенцираа водачите.

Еврогрупата во вторникот (24 март) разговараше за тоа кои инструменти може да ги користи Европа за да го ослободи фискалниот стимул и да ја започне економијата, бидејќи се очекува блокот да претрпи сериозна рецесија.

Северните земји, особено Германија и Холандија, се силни противници за издавање еврообврзници.