Почина пациентката од Дебар што беше на респиратор


Пациентката на Дебар што повеќе денови беше на респиратор, а состојбата постојано и беше критична, почина денеска пред неколку часа, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Пациентката беше на возраст од 66 години, а долги години страдала од висок притисок, појасни Филипче. Таа е трета жртва на корона вирусот во Македонија.

Европскиот парламент ги суспендира нормалните сесии до септември


Корона вирусот го принуди Европскиот парламент да ги одложи целосните четиридневни пленарни сесии во Стразбур, барем до септември, според ревидираниот календар. Собранието ќе одржи мини пленарни седници во попладневните часови и следното утро на 13-14 мај, на 17-18 јуни и 8-9 јули. Сите сесии ќе се одржат во Брисел. Нов систем ќе се користи за […]

За Шпанците, Италијанците и Французите здравјето е поважно од економијата


Според новата анеката огромно мнозинство од граѓаните го поддржуваат целосното затворање во државите поради корона вирусот   Луѓето во Шпанија, Италија и Франција со големо мнозинство поддржуваат строги мерки за борба против ширењето на коронавирусот, според анкетата спроведена во недела и понеделник. Во трите европски земји најтешко погодени од пандемијата во однос на бројот на […]

Нови 81 случаи со корона вирус во Србија


Според последните податоци во Србија забележан е нов 81 случај на заболени од корона вирус, беше речено на прес-конференцијата во 15 часот. Во Србија до сега регистрирани се 384 случаи, а најмногу заразени има во Белград, 158, пренесе Б92.

Азески побарал помош од турската комора за транспортот на стоки кон и од Турција


Забраната што ја воведоа турските власти за влез на македонски транспортери, како дел од тамошните мерки за заштита од корона вирусот, сериозно ги погодува нашите компании кои вршат извоз и увоз во и преку Турција за азиските пазари, соопшти Стопанската комора на Македонија. Поради тоа, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески вчера со писмен допис […]

Над сто лица не го почитувале полицискиот час


Во изминатото деноноќие полицијата евидентирала 103 лица кои не ја почитувале забраната за движење поради полицискиот час. од нив  63 лица биле приведени во полициска станица, 31 лице се опоменати и воедно биле сочинети и девет записници на место на настан. Исто така, во текот на вчерашниот ден евидентирани се 39 лица на кои им […]

Скопјанец и четворица кавадарчани обвинети за непостапување според здравствените прописи


  Едно лице од Скопје и четири лица од Кавадарци ќе треба да платат по 2.000 евра, доколку Судот го прифати предлогот на Обвинителството, за нивно санкционирање поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за издавање казнен налог против […]

Вучиќ: Денеска очекуваме драматичен скок на заразени


Српскиот претседател Александар Вучиќ говорејќи за ширењето на коронавирусот, изјави дека очекува од денеска да почне да се зголемува бројот на заразени лица, меѓу другото и затоа што со новата стратегија ќе се зголеми бројот на тестирани лица. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ додаде дека за десетина дена, бројот на тестирани […]

Путин нареди воени вежби за поголема подготвеност во борбата со Ковид-19


Рускиот претседател Владимир Путин нареди воени вежби за зголемување на подготвеноста за борба против корона вирусот. Тоа го соопшти денеска Министерството за одбрана, додека во Москва повеќето продавници се затворени и забранети се јавни настани. Министерството за одбрана соопшти дека вежбите, што ќе се одржат од 25 до 28 март, ќе вклучуваат специјални медицински единици […]

(Фото) Несовесност: Фрлена ракавица во време на корона вирус


Сите на некој начин се обидуваме да се заштитиме од корона вирусот, па луѓе кои никогаш во животот не ставиле маска на лицето или ракавици на рацете, сега ги носат секојдневно. Сепак, фоторепортерот на „Независен весник“ успеа да забележи несоодветно фрлање на овие заштитни материјали. Имено, во фонтана во центарот на Скопје фрлена е искористена […]

Лекот против маларија не може да биде решение за корона вирусот


  Лекот против маларија хидроксихлорокин, кој претседателот на САД Доналд Трамп го наведува како можно решение во лекувањето на корона вирусот, не е поефикасен од конвенционалните методи на лечење, покажа истражување спроведено во Кина, наведува Блумберг. Извештајот е објавен во Кина во Журналот на Универзитетот Џеџијанг, а покажа дека пациентите лечени со тој лек ништо […]

Заразени со Ковид-19 и во српската Влада


Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска потврди дека државниот секретар во Министерството за животна средина Бранислав Блажиќ е заразен со новиот коронавирусот. Дачиќ во изјава за локална телевизија рече дека Блажиќ присуствувал на состанокот на ресорниот комитет во Владата, во одборот и бил во контакт со други членови на комисијата. – Имаме […]

Попови го растеруваа корона вирусот во Велес и Кавадарци


Денеска попови од Велес качени на камионче и од Кавадарци качени на миниван шетаа низ овие два градови во необичен обид да „го избркаат“ коронавирусот од градот. Во Кавадарци се читаше молитва за Бог да помогне и да го исчисти вирусот и сите неволји околу нас.Свештеници ја прочитаа молитвата пред црквите „Света Петка“ и „Свети […]

За фирми од угостителството, туризмот и транспортот бескаматни кредити од 3.000 до 30.000 евра


Објавен е првиот повик за директна кредитна поддршка на микро, малите и средните претпријатија преку Развојната банка. Како што соопшти денеска директорот на Банката, Кире Наумов, во оваа прва фаза ќе се кредититраат најпогодените сектори: угостителство, туризам и товарниот транспорт, а целта е првично да го ги надминат проблемите со ликвдиноста. Аплицирањето може да почне […]

Шпанија во црно: Повеќе мртви отколку во Кина


Уште 738 луѓе умреа во Шпанија како последица од корона вирусот, со што земјата стана втора на светот по бројот на жртви. Тоа е најголем број умрени во еден ден во Шпанија од болеста Ковид 19. Вкупниот број умрени во Шпанија е зголемен на 3.434 лица, со што ја престигна Кина, каде настрадаа 3.285 луѓе. […]

Рубини: На глобалната економија и се заканува „Поголема депресија“


Иако властите ја спасија глобалната економија по финансискиот крах во 2008 година, Рубини сега вели: „Овој пат можеби нема да бидеме толку среќни“   Новиот корона вирус ќе ја уништи глобалната економија и може да ја втурне во историска депресија, предупреди економистот Нуриел Рубини во колумна за „Проџект синдикејт“. „Најдобриот економски исход на кој може […]

Нови 29 заразени од корона вирус во Македонија


Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица. Информацијата ја објави министерот Венко Филипче на својот фејсбук профил.

Владата објави тендер за чартер-летови од Малта и Загреб


Владата го објави тендерот за организирање авионски превоз за пренесување на македонските граѓани од странство. За дестинации за чартер-летови се утврдени: Малта – Скопје, со кој ќе бидат превезени 148 патници и Загреб – Скопје со кој ќе бидат превезени 226 патници. Крајниот рок за организарање на летовите треба да биде до петок, 27 март, […]