Над сто лица не го почитувале полицискиот час


Фото: Б. Грданоски

Во изминатото деноноќие полицијата евидентирала 103 лица кои не ја почитувале забраната за движење поради полицискиот час. од нив  63 лица биле приведени во полициска станица, 31 лице се опоменати и воедно биле сочинети и девет записници на место на настан.

Исто така, во текот на вчерашниот ден евидентирани се 39 лица на кои им се издадени решенија за изолација и 111 граѓани кои  на граничните премини потпишале изјави за самоизолација. Извршени се и 61 контрола во угостителски и други објекти и утврдено е дека само во еден случај не се почитувале препораките и мерките на Владата.