Шпанија во црно: Повеќе мртви отколку во Кина


Уште 738 луѓе умреа во Шпанија како последица од корона вирусот, со што земјата стана втора на светот по бројот на жртви.
Тоа е најголем број умрени во еден ден во Шпанија од болеста Ковид 19.
Вкупниот број умрени во Шпанија е зголемен на 3.434 лица, со што ја престигна Кина, каде настрадаа 3.285 луѓе.
Најмногу луѓе од корона вирус умреа во Италија, 6.820 до вчера.
Бројот на заразени во Шпанија е зголемен за 20 отсто во последните 24 часа, на 47.610 лица.
Заразата од корона вирус до сега е потврдена кај повеќе од 434.000 луѓе ширум светот, а починаа повеќе од 19.600.