Почина пациентката од Дебар што беше на респиратор


Фото: Б. Грданоски

Пациентката на Дебар што повеќе денови беше на респиратор, а состојбата постојано и беше критична, почина денеска пред неколку часа, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Пациентката беше на возраст од 66 години, а долги години страдала од висок притисок, појасни Филипче.

Таа е трета жртва на корона вирусот во Македонија.