Заменик-британскиот амбасадор во Унгарија почина од корона вирус


Стивен Дик, заменик шеф на мисијата во британската амбасада во Будимпешта, почина откако се зарази од корона вирусот, соопшти Министерството за надворешни работи во средата. 37-годишниот дипломат почина во вторникот во Унгарија, се вели во соопштението. Тој работеше како заменик британски амбасадор во Унгарија од декември, според биографијата објавена на веб-страницата на владата на Велика Британија.