Неповторлива насмевка и талент


Јавноста е во шок и неверување откако доцна во саботната вечер се прошири информацијата дека актерката Билјана Беличанец-Алексиќ (45) е пронајдена мртва во својот дом во скопска Кисела Вода. Според официјалните информации на полицијата, во саботата околу 22:30 часот, во полициската станица во Центар, нејзиниот сопруг, режисерот Сашо Миленковски, пријавил дека ја пронашол без знаци …

Неповторлива насмевка и талент Read More »

РЕК Битола распиша тендер за набавка на нови електростатски филтри од 20 милиони евра


РЕК Битола распиша тендер за набавка на нови електростатски филтри од 20,4 милиони евра, а за набавката компанијата ќе инвестира сопствени средства. „На 29 март распишан е тендер за набавка и инсталација на нови електростатски филтри во РЕК Битола. Инвестицијата се проценува на 20,4 милиони евра, пари кои компанијата ги обезбедува од сопствени извори. Ме …

РЕК Битола распиша тендер за набавка на нови електростатски филтри од 20 милиони евра Read More »

Владика Петар: Официјалното признавање на МПЦ е само преку Цариградската патријаршија


Во очекување сме на одговор од вселенската Патријаршија и од Вселенскиот Патријарх на писмото што го испрати МПЦ и тоа ќе биде, најверојатно, кога ќе се создадат можностите приликите за да започнат официјални преговори. Официјалното признавање на МПЦ е само преку Цариградската патријаршија, изјави владиката Петар денеска во Прилеп, кој чиноначалствуваше со богослужбата во прилепската …

Владика Петар: Официјалното признавање на МПЦ е само преку Цариградската патријаршија Read More »

(Видео) Ферибот урна мост во Бразил


Гувернерот на бразилската сојузна држава Пара, Хелдер Барбаљо, изјави дека ферибот удрил во столб поради што се урнале околу 200 метри мост преку кој поминува автопатот. Во времето на несреќата на мостот имало два автомобила кои паднале во реката. Сè уште нема информации информации за жртви. Primeiros registros que temos sobre a queda da terceira …

(Видео) Ферибот урна мост во Бразил Read More »

Хаос на „Пластичарска“, граѓаните не му даваат на „пајакот“ да работи


Популарната „Пластичарска улица“ на Бит-пазар во Скопје и денеска беше преполна со купувачи, продавачи и минувачи, поради што беше исклучително тешко за движење, особено за паркирање. Возачите ги оставаа своите автомобили каде што ќе забележеа празен простор, поради што пристигна и „пајак“ службата за да го расчисти хаосот. Но, тоа не им се допадна на …

Хаос на „Пластичарска“, граѓаните не му даваат на „пајакот“ да работи Read More »

Вулин: Голема Албанија доаѓа, прашање е дали ќе ја запреме сега или во централна Србија


Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вели дека се залага за што е можно поскоро разграничување со косовските Албанци. Тој ова го изјави во интервјуто за „Новости“ посочувајќи дека ова е негов личен став за начинот на решавање на косовското прашање, а не став на Александар Вучиќ, владата или собранието. „Неспорно е злосторството што е …

Вулин: Голема Албанија доаѓа, прашање е дали ќе ја запреме сега или во централна Србија Read More »

Бранови исфрлиле кокаин на плажа во Романија


Романската полиција пронашла десетици пакети со кокаин со вкупна тежина од околу 100 килограми кои брановите ги исфрлиле на брегот на Црното Море, а надлежните претпоставуваат дека дрогата е дел од товарот кој беше откриен на брод што пред десетина дена се преврте во делтата на Дунав. Според полициски извори, пакетите ги пронашле граѓани на …

Бранови исфрлиле кокаин на плажа во Романија Read More »

(ВИДЕО) Заев: Му понудив на Мицковски заедничка влада, но не сакаше


Премиерот Зоран Заев вели дека му понудил на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедничка влада со цел да го истуркаат процесот за Преспанскиот договор, како и преговорите со ЕУ, ратификацијата со НАТО. Заев, ова го кажа интервју за битолската телевизија Тера. Тој вели дека Мицкоски сепак лаже оти му биле понудени пет министерства во владата. …

(ВИДЕО) Заев: Му понудив на Мицковски заедничка влада, но не сакаше Read More »

Османи: Напредокот во евроатлантските структури создава бизнис клима за инвестиции


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во рамки на работната посета на Португалија оствари средба со министерот за инвестиции и економски развој на Полска, Јежи Квиецињски, каде беа отворени темите за билатералната и економската соработка помеѓу двете земји, како и за поддршката од страна на Полска за европските интеграции на Република Северна Македонија. – Пред …

Османи: Напредокот во евроатлантските структури создава бизнис клима за инвестиции Read More »

Скратена работна недела за поголема продуктивност на работниците


Во последно време сè повеќе се размислува за скратување на работната недела, бидејќи се смета дека тоа позитивно влијае врз продуктивноста на работниците и им овозможува да постигнат баланс меѓу работниот и приватниот живот. Во Велика Британија веќе има случаи во кои помали компании ја скратуваат работната недела на четири работни дена, сметајќи дека со …

Скратена работна недела за поголема продуктивност на работниците Read More »

Еден загинат и четворица повредени во престрелка кај Копенхаген


Еден човек загина, а четворица се повредени во престрелка што синоќа се случила северно од Копенхаген, соопшти данската полиција. Полицијата претпоставува дека инцидентот бил резултат на конфликт меѓу две локални банди. Локалните властите сè уште го бараат осомничениот или осомничените. Според полицијата, меѓу повредените нема случајни минувачи.

Македонски традиционални јадења на „Kitchen tv“


„Kitchen tv“ утре ќе почне да ја прикажува првата сезона од емисијата „Сончева гозба“ со нашиот готвач Дејан Карапеев. Во „Етно студио“, опремено по традиционален македонски терк, Карапеев на гледачите ќе им презентира традиционални јадења, ќе им покаже како се подготвуваат, но ќе зборува и за локалните намирници и нивната употреба. Селско месо, турлитава, јагула …

Македонски традиционални јадења на „Kitchen tv“ Read More »

Меј: Избираме меѓу излез со договор и откажување


Британската премиерка Тереза Меј изјави дека сега постои јасен избор меѓу излез на Британија од Европската унија со договор и опција во која воопшто нема да дојде до Брегзит, јави весникот „Обзервер“. – Со оглед на тоа што Парламентот покажа дека ќе запре излез на Британија без договор, сега имаме јасен избор: да ја напуштиме …

Меј: Избираме меѓу излез со договор и откажување Read More »

Пендаровски: Македонците и во Австралија и во Канада зборуваат македонски


Речиси е сигурно дека ќе има втор круг претседателски избори бидејќи праговите поставени за евентуална победа во првиот се нереално поставени, вели во интервју за МИА, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. Доколку ја добие довербата од граѓаните, нема намера да бара повеќе надлежности за институцијата претседател, но жестоко ќе се спротивстави, нагласува, на евентуални обиди да …

Пендаровски: Македонците и во Австралија и во Канада зборуваат македонски Read More »

Гатузо: Изгубивме од Јуве поради наши грешки


Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, смета дека неговиот тим загубил со 1:2 при посетата на Јувентус поради свои грешки, а не поради супериорноста на „Старата дама“. – Ова беше нашиот најдобар натпревар за 2019 година. Изгубивме во последните 18-20 минути, не поради тоа што Јуве се справи добро, туку поради нашите грешки. Овие работи може …

Гатузо: Изгубивме од Јуве поради наши грешки Read More »

Ројс се извини за дебаклот во Минхен


Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, се извини за дебаклот, кој фудбалерите на тимот го претрпеа во Минхен против Баерн во натпревар од Бундеслигата. Борусија, којa вчера загуби со 5:0 на „Алијанц Арена“, веќе заостанува поен од Баерн Минхен во пласманот во Германија. – Во име на тимот, би сакал да им се извинам на …

Ројс се извини за дебаклот во Минхен Read More »

МВР потврди: Беличанец се обесила


Актерката и поранешна градоначалничка на Кисела Вода, Билјана Беличанец синоќа е пронајдена мртва во стан во Скопје. МВР соопшти дека синоќа околу 22.30 часот, во полициска станица Центар, С. М. пријавил дека на ул.„Истарска“ во неговиот стан ја пронашол неговата сопруга Б.Б.А. (45) од Скопје, која си го одзела животот со бесење. Од страна на …

МВР потврди: Беличанец се обесила Read More »

Кампања


ЛЕЈЛА САБИТ Дискретна, нападна, културна, валкана, сериозна, несериозна, скапа, евтина, со порака, за сеир, за патриоти, за идиоти, за зависници од брендови, за пријатели, за инает на непријатели… Модна, политичка, претседателска, еколошка, за здравје, повеќе за озборување отколку за подигање на свеста. Некогаш со цел, некогаш без крај, ви ги разубавува или ви ги загорчува …

Кампања Read More »

Билјана Беличанец пронајдена мртва во нејзиниот стан


Актерката и поранешна градоначалничка на Општина Кисела Водa, Билјана Беличанец Алексиќ,  е пронајдена мртва, потврдија од Министерството за внатрешни работи.Неофицијално најдена е обесена во бања во станот во центар на Скопје.Смртта ја пријавил член на семејството околу 22.40.Имаше 45 години. Беличанец беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода од 2013 до 2017. Кариерата ја градеше …

Билјана Беличанец пронајдена мртва во нејзиниот стан Read More »

„Жолтите елеци“ во Франција повторно демонстрираа


Демонстранти од движењето „Жолти елеци“ денеска повторно се собраа на улиците во француските градови, 21.викенд по ред. Париската полиција воведе повеќе мобилна и проактивна стратегија за борба против евентуално насилство. Улицата „Шанзелизе“ е забранета како место за собир на демонстранти, откако минатиот месец таму имаше немири. Движењето „Жолти елеци“ кое бара социјална и економска правда, …

„Жолтите елеци“ во Франција повторно демонстрираа Read More »