„Папамобилот“ утре ќе го вози папата Франциск низ скопските улици


Папата Франциск при утрешната посета на земјава се очекува да се вози низ скопските улици во специјалното возило наречено папамобил. Ваквото возило најчесто се користи при посетите на папата во странство, бидејќи низ Ватикан ретко патува. Историјата на користењето на специјалниот автомобил „папамобил“ почнува од 1929 година кога било дизајнирано првото специјално возило за папата. […]

(ВИДЕО) Нова снимка од трагедијата во Москва: Авионот прво се одби од пистата, па потоа се запали


Откако вчера беа објавени снимки од внатрешноста на авионот, на кои се слушаат врисоци од патниците, денеска е објавена и снимка од безбедносните камери. На снимката се гледа како авионот се обидува да слета, но удира на пистата од која се одбива, а потоа повторно удира на земја, по што задниот дел на леталото почнува […]

Поради Папата презакажани сите прегледи од „Мој термин“


Скопје и Македонија се подготвени за утрешната посета на Папата на земјава. Од МВР велат дека се преземени сите безбедносни мерки, со цел еднодневната посета на поглаварот на католичката црква да мине во најдобар ред. Потсетуваат дека во Скопје утре ќе важи посебен сообраќаен режим и ги замолуваат граѓаните да не ги користат своите возила, […]

Охриѓанецот Горан Папаз ќе свири пред папата


Охриѓанецот Горан Папаз ќе свири пред папата  Франциск за време на неговата утрешна посета на Скопје. На покана од Католичката црква, Папаз ќе биде специјален музички гостин и ќе настапи пред папата. Настанот ќе се одржи во дворот на католичката црква „Пресвето срце Исусово“ околу 14.30 часот, кадешто папата ќе има екуменска и меѓурелигиска средба […]

Пронајдени касетни бомби и мини од НАТО на аеродромот во Подгорица


На територијата на Голубовачко поле, особено во делот на аеродромот во Подгорица, пронајдени се голем број касетни бомби на НАТО, а според најновиот извештај, до пред 15 дена на аеродромот се најдени и уништени најмалку 28 такви бомби и минско-експлозивни средства. Направите се пронајдени во близина на пожарникарската зграда и летната писта на цивилниот аеродром. […]

„Бомба“ од Боинг: Знаеле за проблемот една година пред падот на авионот


  Боинг призна дека знаеле за проблемот со авионите 737 Макс една година пред двата авиони да доживеат фатална несреќа, но дека ништо не презеле. Компанијата соопшти дека ненамерно направила аларм кој известува за проблемот со сензорите кои го мерат аголот на летање како дополнителна опција место стандардната, но инсистирале дека тоа не ја загрозува […]

Адел го прослави 31. роденден


Англија- Најбогатата поп-ѕвезда Адел со ретро-забава го прослави 31. роденден. “30-тите ме уморија, ама продолжувам напред, сподели на социјалните мрежи Адел која се разведува и ќе го дели богатството од 180 милиони долари и бројни недвижнини со ексопругот Сајмон Конецки (45) . Нејзиниот албум „25“ објавен во 2015 година продаде 22 милиони копии со што […]

Брендирање на локалите кои се дел од „Мој Карпош – моја картичка“


Општина Карпош започна со брендирање на сите локали и објекти на повеќе различни бизниси кои се приклучија кон „Мој Карпош – Моја Картичка“.   Секој објект ќе добие налепница која ќе биде поставена на видно место на влезот на локалот или објектот, со цел граѓаните да бидат информирани за угостителските и други објекти во кои […]

Се приближува до „Аватар“: „Одмаздници: Завршница“ заработи над 2 милијарди долари


САД-Последниот филм од серијалот „Одмаздници“ за само 12 дена од прикажувањето заработи над две милијарди долари во светски рамки. Ова е втората најбрза таква заработка по „Аватар“. „Одмаздници: Завршница“ е петтиот филм во историјата што ја надмина границата од две милијарди долари заработка, поточно 2,188 милијарди. Познавачите прогнозираат и дека може да го симне „Аватар“ […]

Тинејџери на мотор удриле во малолетник


Во неделата, во 21.45 часот во близина на влезот за село Тркање, кочанско, мопед „Априлија РС 50“ со кочански регистарски ознаки, управуван од Т.Т.(19) од село Тркање, на кој превезувал и 14-годишно лице, удрил во 16-годишен пешак од истото село. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска […]

Папата Франциск утре ќе одржи света литургија на плоштадот „Македонија“ во Скопје


Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск утре во рамки на неговата прва посета на државава, ќе одржи света литургија на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Литургијата може да ја проследат само граѓаните кои имаат влезници, а пристапните влезови во литургискиот простор кон плоштадот ќе бидат отворени од 6 часот до 9 часот. Литургијата се очекува да […]

Постигнат договор за прекин на огнот помеѓу Израел и Палестинците


Израелската армија денеска соопшти дека денеска ги укина ограничувањата воведени поради заштита на жителите во јужниот дел на Израел. Тоа е сигнал дека е постигнат договор за прекин на огнот со палестинските екстремисти во Појасот Газа, со цел да се стави крај на најкрвавиот судир помеѓу двете страни од војната во 2014 година. Но не […]

Евростат: Мнозинство граѓани на Србија живеат во премногу мали станови


Србија – Жителите на Србија живеат во станови со квадратура несоодветна за удобен и конфорен живот, покажува официјалната европска статистика. Според Евростат, т.н. стапка на пренатрупаност во Србија е 57,7 отсто. Тоа значи дека повеќе од половината луѓе во таа држава немаат адекватна големина на просторот во кој живеат. Покра тоа, загрижува и податокот дека Србија […]

Утре порано на скопскиот аеродром за утринските и вечерните летови


Поради посетата на папата Франциск патниците кои утре имаат утрински летови од Меѓународниот аеродром Скопје треба да пристигнат на аеродромот најдоцна во седум часот, бидејќи од 7:30 часот до 9 часот, патот до аеродромот ќе биде затворен за сообраќај, соопшти концесионерот на аеродромот ТАВ Македонија. Патниците кои ќе имаат вечерни летови, пак, треба да пристигнат […]

Премиерот Заев ќе учествува на годишната средба на ЕБОР во Сараево


Премиерот Зоран Заев ќе учествува на редовната средба на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) што од утре до 9. месецов ќе се одржи во Сараево, каде заедно со другите лидери од Западен Балкан ќе дебатираат за економски и политички прашања клучни за регионот. Според најавите, освен Заев настанот со присуство ќе го поддржат […]

Бугарскиот писател Алек Попов – добитник на наградата „Прозарт“


Бугарскиот писател Алек Попов е годинашен добитник на наградата за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот – „Прозарт“. Авторот на хит-романите „Мисија Лондон“, „Црната кутија“, „Сестри Палавееви“ ќе биде гостин на 7. Интернационален литературен фестивал „Про-За Балкан“, а признанието ќе му биде врачено на 21 мај во Даут-пашиниот амам. За македонската јавност Попов […]

Грчките медиуми за победата на Пендаровски


Грција – Грчките медиуми во своите извештаи за вчерашниот втор круг од претседателските избори кај нас акцентот го ставаат врз постигнатиот цензус и победата на Стево Пендаровски. „Стево Пендаровски избран за нов претседател на Северна Македонија“; „Кандидатот на Заев победник на претседателските избори во Северна Македонија“; „Победа на Пендаровски во С.Македонија: Ќе бидам претседател на сите […]

Ретро или модерно: Што ќе облече Тамара на Евросонг?


Тамара како кралица или како откачена дама? Дали ќе не зборат во Тел Авив по моќната балада „Горда“ или и по изгледот? Дизајнерот Александар Ношпал и евровизискиот тим до првата проба утре во „Експо центарот“ не го откриваат изгледот на нашата евровизиска претставничка која сепак ќе биде уникатна и на отварањето, на полуфиналето на 16 […]

Пад на цената на нафтата по заканата на Трамп за Кина


Глобалниот финансиски пазар денеска опадна, откако американскиот претседател Доналд Трамп неочекувано го зголеми притисокот врз Кина за да постигне трговски договор во пресрет на преговорите, велејќи дека оваа недела ќе ги зголеми американските тарифи за кинеските производи. Пазарот на акции, поради кои во голема мерка се очекуваше дека двете страни наскоро ќе постигнат трговски договор, […]

Папата Франциск во посета на бегалски камп во Софија


Поглаварот на Католичката црква, папата Франциск денеска на вториот ден од престојот во Бугарија, го посети бегалскиот прифатен центар „Враждебна“ на периферијата на Софија. Понтифот за време на престојот во кампот се сретна со неговото раководство и со претставници на католичката хуманитарната организација Каритас, чии активисти им помагаат на бегалците сместени во центарот, јави специјалниот […]