Се приближува до „Аватар“: „Одмаздници: Завршница“ заработи над 2 милијарди долари


САД-Последниот филм од серијалот „Одмаздници“ за само 12 дена од прикажувањето заработи над две милијарди долари во светски рамки. Ова е втората најбрза таква заработка по „Аватар“.

„Одмаздници: Завршница“ е петтиот филм во историјата што ја надмина границата од две милијарди долари заработка, поточно 2,188 милијарди. Познавачите прогнозираат и дека може да го симне „Аватар“ и неговите рекордни 2,78 милијарди од престолот, што сега се чини прилично достижно.

Само во САД, филмот заработил 619 милиони, а во остатокот од светот – 1,57 милијарди долари.