Утре порано на скопскиот аеродром за утринските и вечерните летови


Фото: Б. Грданоски

Поради посетата на папата Франциск патниците кои утре имаат утрински летови од Меѓународниот аеродром Скопје треба да пристигнат на аеродромот најдоцна во седум часот, бидејќи од 7:30 часот до 9 часот, патот до аеродромот ќе биде затворен за сообраќај, соопшти концесионерот на аеродромот ТАВ Македонија. Патниците кои ќе имаат вечерни летови, пак, треба да пристигнат на аеродромот најдоцна до 15:30 часот, бидејќи од 16:15 часот патот до аеродромот во Скопје ќе биде затворен за сообраќај.

Детали во врска со режимот на сообраќај од аеродромот до Скопје и евентуални измени, се достапни на веб-страницата https://papa.mk/soobrakjaj/. Кај редовниот автобуски превоз за патници на ТАВ Македонија, од град Скопје до Меѓународниот аеродром Скопје и во обратна насока, со официјалниот превозник „Манора“, утре временскиот распоред на автобуските линии нема да претрпи промени, освен линијата која во 8:30 часот поаѓа од аеродромот кон Скопје, која што ќе тргне половина час подоцна. Информации и евентуални измени во автобускиот превоз за патници од и до аеродромот се достапни на веб-страницата на Манора: https://www.manoragroup.com/en