Адел го прослави 31. роденден


Англија- Најбогатата поп-ѕвезда Адел со ретро-забава го прослави 31. роденден.

“30-тите ме уморија, ама продолжувам напред, сподели на социјалните мрежи Адел која се разведува и ќе го дели богатството од 180 милиони долари и бројни недвижнини со ексопругот Сајмон Конецки (45) .

Нејзиниот албум „25“ објавен во 2015 година продаде 22 милиони копии со што се запиша како 55. најпродаван албум во историјата.

На листата на недвижнини Адел има богато портфолио. Во Англија поседува три луксузни стана во Лондон и големи имоти во западен и источен Сасекс.

Во САД има луксузен имот на Беверли Хилс проценет на 10 милиони долари, а пред да се раздели двојката, препишала стан со три сплани во Лос Анџелес на името на Конецки, еден од основачите на проектот “Life Water” и хуманитарниот проект “Drop4drop” кој промовира глобален пристап до чиста и пивка вода.

Адел досега успешно го чуваше приватниот живот далеку од очите на јавноста, од првиот објавен албум. Таа е најпродавана британска пејачка, а зад себе има издадено три албуми со симболични наслови – “19”, “21” и “25”.

Адел годинава ќе го објави новиот албум, а времето вон студио го поминува со синот Анџело (6).