Анагностопулу: Нашите соседи се решени да одат напред, кршејќи ги сите националистички пречки


Алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу, преку нејзиниот официјален Твитер профил, доцна синоќа ги коментираше резултатот од вториот круг од претседателските избори и победата на Пендаровски, јави дописничката на МИА од Атина. -Северна Македонија стави крај на националистичкото минато со ВМРО. По Договорот од Преспа, претседателските избори покажуваат дека нашите соседи се […]

Stoltenberg: Congratulations Pendarovski on winning the elections


NATO Secretary General Jens Stoltenberg congratulates Stevo Pendarovski on winning the sixth presidential elections in North Macedonia. “Congratulations Stevo Pendarovski on winning the presidential elections. Looking forward to working with you on welcoming North Macedonia as NATO’s 30th member,” Stoltenberg tweeted.

Во запалениот руски авион загина 41 човек


  Најмалку две деца се меѓу загинатите 41 патници во рускиот авион кој при полетувањето се запали и принудно слета на аеродромот „Шереметјево“ во Москва, во неделата. Драматични снимки се појавија на социјалните мрежи од запалениот авион на Аерофлот „сухој суперџет 100“, кој во оган се движеше по пистата. Патниците беа евакуирани додека авионот гореше, […]

Ѓоковиќ петти тенисер со 250 седмици на врвот на АТП ранг листата


Англија – Србинот Новак Ѓоковиќ е само петтиот тенисер кој 250 недели поминал на првото место на АТП ранг листата. Другите четворица кои имаат најмалку 250 седмици на врвот на светскиот тенис се: Џими Конорс (268), Иван Лендл (270), Пит Сампрас (286) и Роџер Федерер (310). Во случај Ѓоковиќ да успее да остане на првото место […]

Светските медиуми за победата на Пендаровски


Дел од светските медиуми за вчерашниот втор круг од претседателските избори во Република Северна Македонија наведуваат дека „победник е прозападниот кандидат Стево Пендаровски“. „Њујорк тајмс“ под наслов „Поддржувачот на промена на името избран за претседател“ наведува дека во вториот круг од претседателските избори избран е „кандидатот поддржан од Владата, кој планира да ја внесе земјата […]

Народна банка: Една петтина од приходите на банките се од провизии


Една петтина од приходите на банките се од провизии. Тоа се оние давачки што банките со многу инвентивност успеваат постојано да ги смислат и за услуги за кои не се очекуваат. Бидејќи банките се оставени сами да одредуваат за што и колкава провизија ќе се плаќа, резултатот е катагодишен раст на овој вид приходи на […]

Повеќе од 40 граѓани каснати од крлежи


Вкупно 44 граѓани изминатиов период побарале лекарска помош на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби бидејќи биле каснати од крлеж. Ниту еден од нив не е хоспитализиран и сите по амбулантскиот третман биле пуштени на домашно лекување. Од Клиниката велат дека лани на годишно ниво биле прегледани 616 пациенти каснати од крлеж, а најголем […]

Прием во Владата и трибина во Институтот „Крсте Мисирков“ за Денот на македонскиот јазик


По повод првата година од одбележувањето на Денот на македонскиот јазик, Владата денеска ќе организира прием на кој ќе се обрати премиерот Зоран Заев. На владина седница минатиот месец беше донесена одлука 5 Мај од оваа година да биде Ден на македонскиот јазик како празник од работен карактер. Прогласувањето е во чест на Решението на […]

СДСМ и ДУИ победија со Пендаровски


Стево Пендаровски е петтиот претседател на Македонија. Тој извојува победа со околу 60 илјади гласа предност пред кандидатката на опозицијата, во вториот круг од шестите претседателски избори. Зголемената мобилизација на гласачкото тело им обезбеди на двете владејачки партии – СДСМ и ДУИ постигнување на цензусот од над 44 проценти и многу поголемо водство пред ВМРО-ДПМНЕ […]

Промоција на новата книга раскази од Лидија Димковска


Издавачката куќа  „Или-или“ вечер од 21 часот во „Менада“  ќе ја промовира новата книга на Лидија Димковска – „Кога заминав од Карл Либкнехт“ – збирка со раскази замислена како 27 исповеди на луѓе од различни страни на светот чиј живот на некој начин бил поврзан со името на Карл Либкнехт, поточно со адресата врзана со […]

Столтенберг со честитка за Пендаровски


Белгија – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, му ја честиташе победата на новиот претседател на Северна Македонија, Стево Пендаровски. Шефот на Северноатлантската алијанса преку Твитер му честиташе за победата. -Честитки до Стево Пендаровски за победата на претседателските избори, со нетрпение чекам да работам за вас за прием на Северна Македонија како триесетта членка на НАТО, […]

Последна недела на Иванов во претседателската резиденција


Досегашниот претседател Ѓорге Иванов од денеска ја троши последната седмица во резиденцијата на Водно. В недела, на 12 мај, на Иванов му завршува вториот претседателски мандат. Од евентуалните прегласувања на вториот круг, како и од тоа кога спикерот Талат Џафери ќе ја закаже собраниската седница за инаугурација на новиот претседател, зависи дали тој истиот ден […]

Коцијанчиќ: Могерини останува единствен посредник во дијалогот Белград-Приштина


Србија- Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Федерика Могерини останува единствен посредник во дијалогот Белград – Приштина, изјави портпаролката на шефицата на европската дипломатија, Маја Коцијанчиќ за „Новости“, по повод најавата дека во целиот процес може активно да се вклучат Германија и Франција. Таа вели дека го поздравува секој ангажман во поддршката […]

Меѓународните набљудувачи ќе објават првични наоди и заклучоци за изборите


Меѓународните набљудувачи кои вчера го следеа првиот круг од претседателските избори денеска на прес-конференција во Скопје ќе ги соопштат првичните наоди и заклучоци. Првичните наоди и заклучоци ќе ги објават Серен Мобурн, специјален координатор и шеф на краткорочните набљудувачи од ОБСЕ, Мари – Кристин Дало, шеф на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа […]

Промоција на поштенска марка „ Прва посета на Папа на Република Северна Македонија “


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде промовирана поштенска марка „ Прва посета на Папа на Република Северна Македонија “. Промоцијата се одржува во соработка со АД „Македонска пошта“. Поглаварот на Католичката црква, папата Франциск денеска го продолжува дводневниот престој во Бугарија со посета на бегалскиот прифатен центар „Враждебна“ на периферијата на Софија. […]

Претседателот на ЕБОР, Чакрабарти, денеска во Скопје


Претседателот на ЕБОР Сер Сума Чакрабарти денеска ќе престојува во земјава во рамки на регионалната посета на Западен Балкан, а како подготовка пред Годишното собрание на ЕБОР што ќе се одржи следната недела во Сараево. За време на престојот тој во земјава ќе се сретне со претставници на Владата и на бизнис заедницата. Ова е […]

Ново рочиште за „Монструм“ на СЈО


Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство. Случајот го води судијата Огнен Ставрев и се наоѓа во доказна постапка. За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата […]

Курц му ја честита победата на Пендаровски


Австрија – Австрискиот канцелар Себастијан Курц му го честита на Стево Пендаровски изборот за нов претседател на Република Северна Македонија. – Честитики за новозибраниот претседател на Северна Македонија Стево Пендаровски. Ќе продолжиме да ја поддржуваме вашата земја на патот кон членство во ЕУ, напиша Курц на Твитер.

До МВР стигале лажни пријави за нерегуларности


Им честитам на граѓаните и на институциите, имавме изборен ден со незначителен број неправилности, без нарушување на јавниот ред и мир. Вака министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го оцени вториот круг од претседателските избори во кој граѓаните го избраа новиот претседател. За разлика од првиот круг, кога и власта и опозицијата изборите ги нарекоа […]

Почнува рамазанскиот пост за муслиманските верници


Верниците од исламска вероисповед денеска го почнуваат рамазанскиот пост, што трае 29 дена до 3 јуни. Во тој период верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. На 4 јуни тие ќе слават Рамазан Бајрам. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачко за стари и болни […]