Почнува рамазанскиот пост за муслиманските верници


Верниците од исламска вероисповед денеска го почнуваат рамазанскиот пост, што трае 29 дена до 3 јуни. Во тој период верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење.

На 4 јуни тие ќе слават Рамазан Бајрам. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачко за стари и болни лица. Рамазан е деветтиот месец во Исламскиот календар.