Во запалениот руски авион загина 41 човек


 

Најмалку две деца се меѓу загинатите 41 патници во рускиот авион кој при полетувањето се запали и принудно слета на аеродромот „Шереметјево“ во Москва, во неделата.

Драматични снимки се појавија на социјалните мрежи од запалениот авион на Аерофлот „сухој суперџет 100“, кој во оган се движеше по пистата.

Патниците беа евакуирани додека авионот гореше, а црн чад се издигнуваше кон небото.

„На авионот имаше 78 патници и членови на екипажот’, велат од Комитетот за истраги, а авионот од Москва полетувал кон северозападниот град Мурманск.

„Според последните податоци 38 луѓе преживеале“, а портпаролот на истрагата потврди дека загинати се 41 лице.

Уште 11 други се повредени, рече Дмитри Матвејев, регионалниот министер за здравство.

„Летот Su-1492 се реализира во 18.02 часот“, стои во изјавата на аеродромот.

Авионот со 73 патници и членови на екипажот само што полета од „Шереметјево“ кога посадата пријави проблем, па побараа да се вратат назад.