Тинејџери на мотор удриле во малолетник


Во неделата, во 21.45 часот во близина на влезот за село Тркање, кочанско, мопед „Априлија РС 50“ со кочански регистарски ознаки, управуван од Т.Т.(19) од село Тркање, на кој превезувал и 14-годишно лице, удрил во 16-годишен пешак од истото село.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.