Евростат: Мнозинство граѓани на Србија живеат во премногу мали станови


Србија – Жителите на Србија живеат во станови со квадратура несоодветна за удобен и конфорен живот, покажува официјалната европска статистика.

Според Евростат, т.н. стапка на пренатрупаност во Србија е 57,7 отсто. Тоа значи дека повеќе од половината луѓе во таа држава немаат адекватна големина на просторот во кој живеат.

Покра тоа, загрижува и податокот дека Србија врз основа на тој податок значајно назадувала во изминатите две години. Посебен проблем е што 70 отсто млади од 16-29 години живеат во пренатрупани станови.

Во Европската унија, тој показател е нависок во Романија – 47,9, што значи дека секој втор Романец живее во недоволно голем простор. Следуваат Бугарија – 43,5 отсто, Хрватска – 41,4 отсто.

Како што укажува Евростат, стапката на пренатрупаност е процентот на население кое живее во пренаселено семејство. Се смета дека лицето живее во такви услови ако домаќинството нема минимален број на соби достапни според следниот принцип:

– една соба за секој пар

– една соба за едно лице постаро од 18 години

– една соба за двајца браќа или две сестри на возраст од 12 до 17 години

– една соба по лице на возраст од 12 до 17 години

– една соба за две деца на возраст под 12 години.