Охриѓанецот Горан Папаз ќе свири пред папата


Охриѓанецот Горан Папаз ќе свири пред папата  Франциск за време на неговата утрешна посета на Скопје.

На покана од Католичката црква, Папаз ќе биде специјален музички гостин и ќе настапи пред папата. Настанот ќе се одржи во дворот на католичката црква „Пресвето срце Исусово“ околу 14.30 часот, кадешто папата ќе има екуменска и меѓурелигиска средба со младите. Папаз ќе биде гостин на црковната музичка група „Агапе“ и тие ќе се претстават со три композиции.

„Ова за мене е огромна чест и награда за целиот досегашен труд”, вели овој познат охридски музичар.

На професионално поле, Папаз интензивно работи на заедничкиот проект со Танче Гроздановски насловен „Елегија”, што ќе биде промовиран ова лето.