Празничен распоред за автобусите на ЈСП


По повод претстојните новогодишни и божиќни празници, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет возен ред од вообичаениот.

На 31 декември (понеделник) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќат по вообичаен делничен возен ред. На 1. и 2. јануари (вторник и среда) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Од 3  јануари автобусите од јавниот превоз ќе возат по вообичаен, делничен возен ред. Но, имајќи во предвид дека во меѓувреме ќе започне и зимскиот училиштен распуст, возниот ред од трети јануари ќе биде редуциран.

На 7 јануари (понеделник) автобусите од јавниот превоз ќе возат по неделен возен ред.

Ноќните линии на 31 декември (понеделник кон вторник) и 1 јануари (вторник кон среда), ќе работат по возен ред како во сабота према недела.

Жичницата на Водно нема да работи на 31 декември, со оглед на тоа дека секој понеделник и последен вторник во месецот, се врши редовен сервис на објектот. На 1 јануари жичницата ќе почне со работа од 11 часот.

„Поради техничкиот проблем на веб страницата на ЈСП Скопје, во делот за избор на датум на возниот ред, сакаме да напоменеме дека информации за возниот ред можат да се добијат и во Диспечерски центар на 3173-224“, велат од ЈСП.